Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Двете најголеми политички партии, моментално владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку своите работни групи, од денес почнуваат со консултативни преговори за договарање заедничко решение за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и законот за Јавното обвинителство.
Копјата ќе се кршат околу статусот на СЈО и ангажманот на главната обвинителка Катица Јанева. Таквиот развој веќе го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски минатата недела, обвинувајќи ги Јанева и СЈО за „катастрофални резултати“ и „корупција“. Мицкоски во неколку наврати изјавува дека Јанева „го загубила комплетниот професионален кредибилитет за да ја добие опозициската поддршка, вклучително и нејзиниот тим“. Конкретните причини за ваквиот став, Мицкоски засега не ги обелоденува целосно, но од едно минатонеделно интервју може да се насети во кој правец одат обвинувањата, пренесува Дојче Веле.
„Јас имам индиции и дека близок роднина на специјалната јавна обвинителка е дел од менаџментот на една телевизија и дека се користи нејзината позиција во комуникација со потенцијални спонзори на таа телевизија“, изјави Мицкоски во интервју за „Сител“.
За судбината на СЈО на тет-а-тет средба на Прочка веќе разговараа Мицкоски и премиерот Зоран Заев. Од состанокот излегоа со спротивставени ставови. Заев рече дека е задоволен од работата на СЈО.
„Јас сум поддржувач на тимот на СЈО, затоа што јавно учествувавме во селекцијата на обвинителите во 2015 година, и власта и опозицијата. И навистина оваа институција покажа капацитет, а тоа го препознаа како дома, така и странците кои ни помагаат во правосудниот систем.“
Мандатот на Катица Јанева истекува на 15 септември годинава. Таа вели дека аргументите и резултатите се на страна на СЈО и се надева дека по усвојувањето на законот за јавното обвинителство и натаму ќе остане на чело на институцијата.