Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Делегација на Европскиот парламент денеска ќе престојува во еднодневна посета на Македонија. Европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан ќе се сретнат со политичките лидери во земјава, со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и со претставници на граѓанското општество.
Според информациите од дипломатски извори, тема на средбите ќе бидат изборите и текот на изборната кампања.
Известувачот за напредокот на Република Македонија во Европскиот парламент европратеникот Иво Вајгл, непосредно пред посетата изрази оптимизам дека изборите закажани за 11 декември ќе бидат демократски и транспарентни, што е услов за земјата за продолжување по патот кон европската и евроатланстката интеграција.