Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Изгоре автомобил на поранешен пратеник на ДУИ. Инцидентот се случил вчера по полноќ кога бил запален голфот на М.Џ. (42) од Куманово пред неговата куќа на улицата „11 Октомври“ во Куманово, пренесува порталот Сакам да кажам.
Како што соопштува кумановската полиција, пожарот се случил во 1.40 часот, кога непознато лице со бензин ја полеало хаубата на возилото и ја запалило. Од огнот било зафатено и друго возило, марка Пежо сопственост на Е.С. од Куманово.
Сопственикот го пријавил пожарот во полиција, при што бил приведен А.Р. (30) од Куманово. По извршениот разговор било утврдено дека осомничениот го запалил голфот од одмазда затоа што дента се скарал со М.Џ. Причинета е материјална штета во износ од околу 792.000 денари.
Во кумановската јавност како причина за подметнување на пожарот се наведува политичка пресметка во ДУИ. Партиски извори велат дека А.Р. е од незадоволната група на членови на ДУИ. Пред извесно време жена му била истерана од работа од едно основно училиште. Тој дента се сретнал со поранешниот пратеник и барал повторно да ја вработат. Откако го одбил жестоко се скарале.
По телефон го побаравме М.Џ. да ни каже за што се работи, но тој откако слушна за што го бараме рече дека е на важен состанок и дека ќе не побара подоцна.