Партијата на Македонците во Албанија не освои ниту еден мандат во парламентот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) не успеа да обезбеди пратенички мандат и во новиот албански парламент.

Македонската партија, на изборите беше во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција, ЛСИ, чиј поранешен лидер е ново избраниот претседател Илир Мета. Единствен кандидат беше Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата и познат активист за правата на Македонците, кој беше на кандидатската листа на ЛСИ во изборна единица Корча.

Во изборната едница Корча се избраат 11 пратеници. Од 85 отсто пребројани гласови шест пратеници има Социјалистичката партија, четири Демократската и само еден ЛСИ. Веќе е јасно дека немаме шанси за пратенички мандат, бидејќи се наоѓам на петтото место на кандидатската листа. И овојпат Македонците се поделија, па на место да гласаат за Македонец, тие гласаа за албанските партии, изјави Стерјовски.