Партиите на координација кај претседателот на Собранието, ВМРО ДПМНЕ најави дека не оди


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска најави координација на претставниците на парламентарни партии, на која треба да се разговара за локалните избори.

Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува денеска. Претставници на парламентарните партии во саботата имаа средба во Собранието, но по нејзиното завршување тие не соопштија за што се разговарало.

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение информира дека нема да учествува на најавената координација во Собранието.

Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието на Република Македонија во законска процедура и пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ не гледа причина зошто би одговарала на покана која пратеникот Талат Џафери ја испраќа во својство на претседател. Со обидот да го изберат Талат Џафери за претседател, СДС ги погази и Уставот и законите и Деловникот за работа на Собранието.
СДС секој ден со својата деструктивна и антидржавна политика манипулирајќи го македонскиот народ покажува дека не им е грижа за граѓаните, туку само да дојдат на власт по секоја цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.