Парламентот пресече: Сите паметни телефони во ЕУ да се со универзален полнач – Apple се буни


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


После десетгодишна институционална борба за донесување на резолуцијата со која на многу луѓе и корисници на паметни телефони ќе им беше олеснето секојдневието и животот, Европскиот парламент конечно успеа да ја изгласа резолуцијата која налага сите смартфони во Европската унија да имаат универзален полнач.

Имено, изгласана е Резолуцијата за единствен полнач за мобилна радиска опрема. Резолуцијата ја потпишаа дваесетина претставници од сите битни групации. Се проценува дека на пазарите на државите-членки на ЕУ има повеќе од 500 милиони паметни телефони, таблети и слични уреди кои користат триесетина различни полначи.

Само на сметка на тоа во Европа годишно се генерираат повеќе од 51.000 тони електричен отпад. Бидејќи со години се зголемува бројот на уреди, но и брзината со која се менуваат истите, универзалниот полнач е битен чекор наред кој реализирање на амбициозните цели за зелена и циркуларна економија.

Во текот на последните неколку години производителите на уреди во голем број ја прифатија идејата за универзален полнач и во своите уреди вградија приклучоци USB-C, кои овозможуваат мобилните уреди да се полнат со кој било полнач со таков приклучок. Но, уште има производители како американски Apple кои не се откажуваат од сопствените полначи.

Американскиот гигант смета дека универзалниот модел ќе има „негативни последици” бидејќи ќе предизвика проблеми за неговите апарати и корисници и дека непотребно ќе се генерира електронски отпад.

Сепак и покрај интензивното лобирање на Apple, европратениците ја усвоија резолуцијата со 582 гласа „за”, 40 против и 37 воздржани.

Оваа резолуција уште не значи дека сите производители мора да користат исти полначи. За да се случи тоа Европската комисија мора да донесе директива со која ќе се дефинираат нормите кои мора да ги задоволат производителите, но и евентуалните казни за тие кои нема да ја почитуваат директивата.