Паркот на пенисите: Олимписките туристи во Јужна Кореа „полудеа“ по оваа атракција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Туристите кои периодов, привлечени од Олимписките игри во Јужна Кореа се по посета на оваа земја, се посебно возбудени и привлечени од блискиот парк исполнет со гигантски пениси кои привлекуваат повеќе внимание и од многу олимпијци на боиштата.

Најголем дел изработени од дрво, дузини скулптури во форма на еректирачки пениси во Хаесингданг паркот во Синам. Контроверзната атракција има огромен број посетители кои се фасцинирани од разновидните фалусни форми, вклучително и пенисоидните клупи, тотемите во форма на пенис, па дури и топ со таков облик.

Но, овој навидум перверзен скулптурен комплекс си има свое содржинско покритие кое крие интересна и трагична приказна. Според локалната легенда, паркот е посветен на девица која починала во бура додека нејзиното момче собирало алги и други морски треви на една карпа во близина.

Според една верзија на приказната, селаните не можеле да уловат риби после нејзината смрт, додека еден ден, еден рибар не се измочал во морето, и со тоа случајно го задоволил и смирил нејзиниот дух. Со цел да го држат нејзиниот дух во таква, смирена состојба, рибарите подигнале светилиште на фалусот на карпите околу селото.

Денес паркот содржи десетици фалусоидни скулптури и се смета за споменик на плодноста.