Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ваквите луксузни автомобилски колекции обично се чуваат во климатизирани гаражи далеку од љубопитните очи на јавноста, но оваа колекција е исклучок. Истата е оставена на отворено, а снимката ја направи влогерот effspot, кој случајно налетал на автомобилите на дел од аеродромот во Лос Анџелес.
Севкупно, можно е да се избројат 13 хипер спортски автомобили. Во шарената колекција, во првиот ред се Porsche 918 Spyder и два McLaren, Sabre и Speedtail. Веднаш позади е специјалното Porsche 911, а до него се Pagani Huayra и Lamborghini Centenario. Понатаму можете да се види неколку Koenigsegg, Ford GT, Laferrari и секако Bugatti Chiron. Врвот на колекцијата е Aston Martin One-77.
Кога сѐ ќе се собере, зборуваме за над 50 милиони долари, кои оваа колекција лесно би ги донела на аукција. Приказната зад оваа колекција не е позната, дали станува збор за промена на сопственикот или дали колекцијата е само преместена на нова локација. Едно е сигурно, а тоа е дека ова автомобилско богатство нема уште долго да стои на отворено.