„Parker“ полета кон Сонцето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако вчера беше одложено полетувањето поради технички проблеми, соларната сонда „Parker“ денеска беше лансирана од центарот Кејп Канаверал на Флорида.

Сондата ќе се доближи на околу 6,16 милиони километри до Сонцето, што е најблиско досега. До таму патува со DELTA-IV ракета.

„Знам дека тоа звучи како да не е многу блиску… Но замислете дека сонцето и земјата се раздалечени на еден метар, тогаш сондата Parker ќе се доближи на 4 сантиметри”, објаснува доктор Ники Фокс.

Оваа сонда која чини 1,5 милијарди долари, ќе биде најбрз движечки објект произведен од човекот. Околу сонцето ќе патува со брзини над 690 илјади километри на час.