„Паризиен“ тврди: ПСЖ го сака Јирген Клоп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот стратег Јирген Клоп би можел на крајот на сезоната клупата на Ливерпул да ја замени со таа на Пари Сент Жермен, тврди угледниот „Паризиен“.

„Црвените“ играат одлично оваа сезона под водство на Клоп, па богатите сопственици од ПСЖ сакаат да го донесат Германецот на „Паркот на принцовите“.

Унаи Емери готово сигурно ќе го напушти коримилото на „светците“ на крајот на сеозната, а раководството веќе ја започна потрагата по негов заменик.

Медиумите секојдневно лецитираат со нови имиња, а сега во листата кандидати се наоѓа и името на Јирген Клоп, заедно со тие на Антонио Конте, Луис Енрике и Макс Алегри.

Клоп има важечки договор со Ливерпул до 2022 година, па на „светците“ сигурно нема да им биде лесно да го доведат Германецот во Париз.