„Паризиен“: Трансферот договорен – Дембеле во Барса за 130 милиони


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И додека од Германија пристигнуваат вести дека Осман Дембеле не се појавил на тренингот на Борусија Дортмунд, од Франција пристигна информација дека Барселона го договорила трансферот.

Имено, еминентниот француски весник „Паризиен“ објави дека трансферот е договорен и дека Барселона за Дембеле ќе плати 130 милиони евра. Младиот Французин веќе има договор со Каталонците и на „Камп Ноу“ ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Оваа вест ја пренесоа сите медиуми во Шпанија и Каталонија и тврдат дека трансферот ќе биде комплетиран за неколку дена.

Во меѓувреме од Германија доаѓаат информации дека Дембеле не се појавил на денешниот тренинг на Борусија Дортмунд и чека повик за да замине во Барселона на медицински прегледи.