Париски предизвик: Мистериозната игра на Ема Вотсон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американската глумица Eма Вотсон на Твитер објави дека сокрила примероци од романот „Приказната на слугинката” (The Handmaid’s Tale) од Маргарет Атвуд на неколку различни места во Париз.

Тоа е всушност акција на иницијативата „Книжни самовили” (The Book Fairies‏), коишто оставаат книги низ цел свет и ги предизвикува своите фанови да ги побараат. На нивниот Твитер налог‏ се посочуваат и местата каде што книгите се сокриени, а некои веќе се и пронајдени.

„Приказната на слугинката” е научнофантастичен роман од 1985 година, каде се раскажува за алтернативна реалност, каде што во Америка е прогласено тоталитарно теократско општество, односно „републиката Галаад“ раководена од воена хунта.

Според замислата на авторот, државата војува против соседите и безмилосно ги казнува внатрешните непријатели, а на жените им се наложени најстроги традиционални христијански вредности. Ситуацијата се влошува поради неконтролирана радијација и „пандемична“ неплодност. Оние малку жени кои можат да родат здрави деца, се прогасени за „национално богатство“ и се принудно ангажирани како сурогат мајки во домот на привилегирани бездетни семејства.

Во 2017. е снимена и истоимената серија со Елизабет Мос во главата улога.