Париска прошетка на гигантите – еден од нив носи обувки број 68


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Париз се случи своевиден самит и прошетка на десетината највисоки мажи на светот, кои викендов се собраа во француската престолнина за да разменат свои животни искуства, како и да се дружат и да поразговараат со случајните минувачи.

Интересен е фактот што еден од нив е висок 2 метри и 46 сантиметри, а друг гигант носи обувки број 68. Покрај нив, обичните луѓе изгледаа како џуџуња.

Тие се прошетале на Шанзелизе, и нормално, не можеше да поминат незабележано. Си играа и се шегуваа со децата и правеле селфи фотографии со љубопитните.

Меѓу нив бил и српскиот кошаркар Далибор Мициќ, висок 224 сантиметри, кој рекол дека е симпатично да се биде меѓу други високи луѓе.

„Целиот живот сте највисок во својот град и тука се среќавате со луѓе повисоки од вас, тоа е неверојатно”, рекол тој смеејќи се.

Со огромни сандали на нозете, Венецуелецот Хеисон Орландо Родригез, висок 232 сантиметри, го држи рекордот за најдолги стапала.

„Моментално тој носи чевли број 68. И продолжува да расте. Тоа е неверојатно, тоа е страшно”, рекол германскиот координатор Георг Веселс.

Французинот Брахим Такиула, висок 246 сантиметри и втор највисок човек на светот, рекол дека е неверојатно чувството кога ќе се сретнете останатите највисоки луѓе на светот.