Актуелно

Парична казна за убиецот на кучето Идриз во Дебар Маало

Агенцијата за храна и ветеринарство одреди парична казна за скопјанецот Симо Х. кој со секира закла бездомно куче во Дебар Маало.

Врз основа на пријавата што ‘Анима Мунди’ ја поднесе до Агенцијата за храна и ветеринарство против лицето Симо Х. за мачење и свирепо убиство на кучето Идриз, мирно бездомно куче кое монструмот со секира го закла среде бел ден, е констатирано најгрубо кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните. Врз основ на востановеното дело на сторителот, од страна на Агенцијата за храна и ветерина му е изречена мерка за наплата на глоба од 800 евра и истата е исплатена, соопшти Здружението за заштита на животни Анима Мунди.

Од таму информираат дека во тек е кривичната постапка против Симо Х. Тој е осомничен за кривично дело мачење животни, предизвикување јавна опасност.

Свирепото убиство се случи на крајот на април годинава.

Advertisements
To Top