Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Јужнокорејскиот филм ,,Паразит “ e филмското остварување кое буквално растури на доделувањето на годинашното 92. доделување на филмските награди „Оскар“ и беше изненадување кое испиша нова историја во најпрестижната филмска награда.
„Паразит“, филмот кој зборува за поделбите меѓу богатите и сиромашните во Сеул, ги фрли во сенка холивудските блокбастери како „Ирецот“, „Беше еднаш во Холивуд“, „Џокер“ и други, освојувајќи Оскар и во категоријата најдобар меѓународен филм и за најдобар филм воопшто, со што стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој ја добива наградата. Оскар освои и за најоригинално сценарио.
Освен овие две статуетки ,,Паразит “ освои и награда за најдобра режија на Бонг-Џонг Хо, кој го им го зема Оскарот на номинираните Мартин Скорсзе и Квентин Тарантино, за кои рече дек биле неговите идоли.
Хоакин Феникс за улогата во филмот ,,Џокер” ја освои наградата на Академијата за најдобар актер, а Рене Зелвегер за најдобра актерка во филмот за Џуди Гарланд.
Бред Пит и Лора Дерн добија Оскари за најдобра машка и женска споредна улога, за ролјите во „Беше еднаш во…Холивуд“ и „Брачна приказна“.
Сер Елтон Џон доби Оскар за најдобра оригинална песна, а исландската композиторка Хилдур Гуднадотир Оскар за најдобра музика за филмот „Џокер“.