Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Разводот на актерите Амбер Херд и Џони Деп ги преокупираше светските медиуми до пред неколку дена, кога и официјално, формално ставија крај на нивниот граѓански брак со завршувањето на бракоразводната парница. Но, изгледа Амбер и тоа како е спремна да продолжи понатаму во љубовта.
Херд, како што пренесува Mirror, наводно веќе е во врска со американскиот инженер, иноватор, бизнисмен и милијардер, Елон Маск.
„Амбер е пресреќна што разводот е готов, но е уште посреќна што може јавно да ја објави својата врска со Елон. За време на празниците на пријателите им кажуваше колку ѝ се допаѓа Маск. Веќе има планови и ѝ олесна што може да продолжи со животот“, вели извор близок до актерката за Mirror.
Дали е во врска со популарниот иноватор и милијардер, набрзо ќе покажат времето и медиумите.