Паралелно со Парадата на гордоста, во Скопје и Сведоштво ЗА семејството


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поради претстојната „Парада на гордоста“, од иницијативата „Сојуз на живот“ денес организираат марш против „промоцијата на неприродното семејство“, под слоганот „Сведоштво за семејството“. Организаторите кои, според објавите во медиумите, ја имаат поддршката на Брегалничката епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, истакнуваат во соопштенијата дека сакаат да ја „прикажат вистината за тоа што е брак, семејство и пол и како придонесуваат тие за животот“.

Така, во сабота на 29 јуни, напладне, „Парадата на гордоста“ ќе се одвива од паркот спроти парламентот, низ центарот на градот до Градскиот парк, а во истиот термин, за зачувување на „вистинските традиционални семејни вредности и начин на живот“, ќе се одвива и паралелниот марш од скопската црква „Св. Богородица“ до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, каде ќе биде прочитана Декларација за заштита на бракот и семејството.