Парагвајска „сапуница“: Бил во врска со претседателот, го изневерил, па разбрала цела јавност


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веста која ни пристигнува од Парагвај е навистина траги-комична и можат да и позавидат и најголемите сценаристи на сапуници…

Парвајската јавност во овие моменти умира од смеа коментирајќи го случајот кој го потресе второлигашкиот клуб Рубио. Имено, во етерот се појавила фотографија од претседателот на клубот Антонио Гонзалес кој е во прегратка со фудбалерот Баернардо Габриел Кабаљеро– двајцата се голи.

Се сомнева дека тие двајца веќе некое време биле во романтична врска. Претседателот на својот миленик му овозможил да вози мерцедес и неколку други луксузни автомобили кои не биле на располагање на другите членови на тимот.  Да повториме – второлигаш! Оштетата за Кабаљеро изнесувала само 1253 долари.

Оваа романса траела се додека не се појавил извесниот менаџер Валентин, очигледно вистински латински љубовник кој го завел играчот и го убедил да го промени клубот, а со тоа и да му го скрши срцето на својот долгогодишен партнер.  Гонзалес полудел не можел да се помири со разделбата, па упорно одбивал да го пушти Кабаљеро.

Тогаш, шпекулираат парагвајските медиуми, Валентин добил идеја да ја објави спорната форографија со цел да го примора претседателот да го пушти Кабаљеро.

Сепак, тука станува збор за жешката јужноамериканска крв, па реакцијата не била неочекувана. Гонзалес снимил видео клип во кој со најгрди зборови го навредува Кабаљеро и неговиот нов партнер, нарекувајќи ги бандити, измамници….Освен тоа тој пред камерите и го искина договорот на Кабаљеро и му вети дека никогаш повеќе нема да игра фудбал.

Како се ќе биде завршено или е завршено, засега немаме информациии.