„The Paper Time Machine“: Вдахнување нов живот со боја на историски фотографии


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На постарите фотографии од почетокот на фотографската историја им фали една клучна состојка за да имаат целосна живост, а тоа е бојата.

Веќе од ’70-те години од минатиот век фотографијата во боја беше доминантна како форма преку која фотографите се обидуваа на фотографската хартија да внесат живост и да ја доловат непосредноста на животот.

Праксата на колоризација на старите фотографии е оживеана во новата книга The Paper Time Machine, која ја изработи Волфганг Вајлд, творецот на Retronaut.

Целта на необичните фотографии е да ја надмине разликата меѓу историската фотографија и денешните набљудувачи.

Во колекцијата The Paper Time Machine објавени се 124 фотографии, почнувајќи од познатиот портрет на младиот Абрахам Линколн, па сè до фотографија од архивата на Волт Дизни.