Папата Франциск: Македонија е портата низ која христијанството влезе во Европа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На неговата историска посета на нашата земја, за време на брифингот за новинарите додека летал од Скопје накај Рим, папата Франциск изјавил дека Македонија е портата низ која христијанството влезе на европско тло, бидејќи жителите на македонското тло биле првите Европејци на кои апостолот Павле.

Говорејќи за најсилните впечатоци од посетата на Бугарија и на Македонија, тој рекол дека „тоа се две тотално различни земји”. Бугарија, според него, е држава со вековни традиции, додека Македонија има вековни традиции, но е млада држава и има „млад народ”, пренесува „Ватикан њуз”.

Коментирајќи го фактот дека Северна Македонија неодамна ја конституирала својата државност, тој изјавил дека таа е симбол за влегувањето на христијанството кон Западот преку Апостол Павле кој сакал да оди во Азија, но бил повикан во Македонија.

„Народот на Македонија никогаш не ја пропушта можноста да не потсети дека христијанството влегло преку нивната порта”, им изјавил папата на новинарите.

Бугарија, пак, како што кажал, страдала многу од војни и насилство, и посебно се осврнал на 200.000 руски војници кои загинале во 1877 година, обидувајќи се да се изборат за независност од Отоманското царство.

„Толку многу борби за независност, толку многу крв, толку многу мистицизам за да се зацврсти идентитетот”, кажал папата, забележувајќи дека и во двете земји, во Македонија и во Бугарија, православните христијани, католиците и муслиманите живеат заедно.

Тој, исто така го истакнал фактот дека видел добри односи меѓу различните вери во двете земји и изразил почит за почитувањето на различноста и за човековите права.

Одговарајќи на прашања од новинарите, тој нагласил дека за време на престојот во Скопје во рамки на неговата тридневна апостолска посета на Бугарија и Северна Македонија, што заврши денеска, посебен впечаток му оставиле две калуѓерки што ги сретнал во Спомен куќата на Мајка Тереза, кои иако и самите биле сиромашни, се грижеле и им помагале на други сиромашни луѓе, при што, како што му рекле, кон нив не се однесувале како кон деца за кои се грижат, тука како кон родители, односно со почит и понизност и со добрина и топлина.

Папата Франциско, исто така забележал дека во современиот свет толку често се користи размената на навреди: „Политичарите се навредуваат меѓусебно, соседите се навредуваат, па дури и во семејствата се навредуваме меѓусебно”.

Се осмелувам, не да речам дека има „култура на навреда”, рекол тој, но, тоа е оружје.

„Нежноста на калуѓерките ме направи да ја почувствувам мајката Црква и и благодарам на Македонија за ова богатство”, изјавил папата.

Извор: Мкд.мк