Папандреу: По решавањето на спорот, Скопје ќе биде наш сојузник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу, во пресрет на новата година даде големо интервју за грчкиот весник „Етнос“, во кое покрај за политичката ситуација во земјата, говори и за спорот за името, во контекст на иницијативата на новата македонска влада конечно да се реши овој горлив проблем.

Во интервјуто, Папандреу нагласува дека актуелната македонска Влада се чини сфатила дека иредентизмот води кон ќор-сокак и коментира дека ако се тргне настрана името, тогаш Скопје е природен сојузник на Атина.

„Доколку сегашните околности дозволат задоволително решение, пошироката геополитичка ситуација е уште една причина да одиме чекор понапред. Скопје, ако се тргне настрана името, е нашиот природен сојузник. Решавањето на проблемот, ќе ни дозволи повторно да ја искористиме нашата стратешка позиција на Балканот“, вели Јоргос Папандреу во интервјуто за грчкиот весник „Етнос“.