Паника во Реал Мадрид: Еден играч позитивен на Ковид 19


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лоши вести пристигнуваат од редовите на шпанскиот шампион.

Тестирањето покажа дека позитивен на Ковид 19 е Маријано Дијаз.

Поради тоа Дијаз нема да може да патува со соиграчите во Англија на реванш осминафиналето од Лигата на шампиони против Манчестер Сити на 7 август.

Како што пренесуваат шпанските медиуми Дијаз веднаш е изолиран во својот дом, а денешните тестирања не покажаа други позитивни во Реал Мадрид.

Сепак, после неколку дена повторно ќе има тестирање кај сите членови во клубот.