Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зголемиот број на мртви гулаби кои паѓаат од кровови и дрва, создадоа паника кај жителите на Осијек, особено сопствениците на кучиња и мачки кои стравуваат дека е во прашање отров.
Полицијата оваа недела примила неколку повици за сомнителен бел прав кој граѓаните го забележале на неколку локации во градот, а пријавени се и неколку случаи на отруени кучиња.
Деновиве на Фејсбук се шират и фотографии и видео записи од гулаби кои паѓаат од крововите на зградите и умираат на улиците.
Граѓаните на Осијек на социјалните мрежи настаните ги поврзале со отровот од кој стравуваат со денови.