Паника во Јунајтед: Како да се преболи или присили Мурињо?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпекулациите дека Мурињо на крајот на сезоната ќе се пресели во ПСЖ се се погласни, па од таборот на Јунајтед се свесни дека тоа е реална опасност за клубот.

Дали е ова само маневар на „Специјалниот“ за да добие побогат договор, или го уценува клубот да вложува повеќе во играчи за сега не е јасно.

Во секој случај опцијата Мурињо да се пресели во ПСЖ е реална, а „светците“ веќе му соопштиле на неговиот агент, Жорге Мендеш дека се спремни да платат и обештетување од 20 милиони фунти само да го донесат „Специјалниот“ во Париз.

„Црвените ѓаволи“ веќе му понудија нов договор на Португалецот, но тој бара повеќе пари. Притоа, сака гаранции дека тимот ќе биде значително засилен бидејќи смета дека Јунајтед не потрошил доволно минатото лето, во однос на Сити.

Мурињо сака три врвни играчи и тоа Герет Бејл, Антоан Гризман и Дени Роуз од Тотенхем за кои смета дека ќе му донесат шампионски квалитет на тимот.

Манчестер Јунајтед сега е во дилема, клубот може веднаш да ја активира клаузулата за продолжување на договорот на уште една година, со што отштетата при негово заминување би се зголемила на 30 милиони евра.

Меѓутоа, тоа може да доведе до вистинска „војна“, па затоа „црвените ѓаволи“ се одлучни во намерата трпеливо да го чекаат Португалецот да го потпише новиот договор.