Паника во Египет: Салах би можел да го пропушти Мундијалот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Можете да замислите Светско првенство без Мохамед Салах? Тешко, но не е невозможно да се случи тоа иако Египет избори пласман на Мундијалот.

Имено, денес во медиумите се појави вест дека Салах би можел да го пропушти Мундијалот во Русија, и тоа поради грешка.

Наводно за тоа е виновен Фудбалскиот сојуз на Египет кој ликот на Салах го користел н плакат кој го спонзорира телекомуникациската компанија WE. Тоа не би било проблем доколку Салах нема потпишан спонзорски договор со Vodafon.

Агентот на Салах, Рами Абас на Твитер објави дека ситуацијата е комплицирана и дека навистина постои место за грижа.

„Имаме голем проблем со Федерацијата. Секоја неовластена употреба на авторски права мора да биде казнета, па сега сите опции се на маса“, напиша агентот на Салах.

Салах оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери на светот, па доколку се случи да го пропушти Мундијалот, тоа ќе биде лоша вест за сите љубители на фудбалот.