Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Раководството на Реал Мадрид планира ова лето да и ги сруши сите рекорди кога се трансферите во прашање.
Како што пренесуваат англиските и шпански медиуми, Реал ова лето ќе ја доведе ѕвездата на Челзи Еден Азар, а за неговиот потпис се спремни да платат 100 милиони фунти.
Доколку се реализира овој трансфер Белгиецот ќе стане најскапиот фудбалер во историјата и ќе го сруши рекордот кој го држи Пол Погба.
Интересот на „кралевите“ за Азар е познат од поодамна, сепак до сега немаше официјални понуди за него, но ова лето Реал е конечно спремен да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
Исто така Реал веќе испрати понуда за Давид де Геа од 60 милиони фунти и во него гледаат идеален чувар на мрежата на подолго време.
За двете ѕвезди од Премиер лигата „кралевите“ се спремни да платат 160 милиони фунти, а тоа сигурно би биле големи засилувања за тимот на Зинедин Зидан.