Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез ја одби новата понуда за продолжување на договорот со „топџиите“ и е решен на лето да ја промени средината.
Санчез во моментов заработува 130 илјади фунти неделно, а лондонскиот клуб му нуди зголемување на 180 илјади. Неговиот договор истекува во 2018. година, а според новиот договор тој би останал на „Емирати“ до 2021 година.
Венгер тврди дека нема да го продаде ниту на лето, дури и ако влезе во последната година од договорот, но Чилеанецот е одлучен во намерата да не го продолжува договорот.
Медиумите најавуваат дека Санчез очекува понуда од Италија каде сака да се врати, а интерес за него покажуваат Интер и Јувентус.
Новите сопственици на „нероаѕурите“, компанијата „Сунинг“ е спремна да го купи Санчез преку својот клуб во Кина и да го проследни во Интер каде би заработувал скоро двојно од моменталната плата која ја има на „Емирати“.