Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Паника завладеа меѓу Охриѓани откако по утринскиот послаб земјотрес, нешто пред 12 часот Охрид го погоди посилен земјотрес со магнитуда од четири степени според Рихтер.
Извори на Макфакс велат дека станарите во паника излегле од повисоките згради, а тресењето на тлото го почувствувале дури и луѓето што биле надвор во градската чаршија.
Се почувствува земјотресот. Сите беа на телефони. Ги прашуваа најблиските дали го почувствувале земјотресот. Сега ситуацијата е подобра. Во Охрид утрово е голема жега, па голем дел од Охриѓани веќе се на плажите, изјавил за Макфакс Н.К., турист што моментално се наоѓа во Охрид.
Инаку делови од градот останале без струја, а екипите веќе работат на отстранување на проблемот.