Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Актуелниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, револтирано и разочарано јавно го крена гласот против Фудбалската федерација на Македонија и распали против нив на социјалните мрежи поради начинот на кој го водат фудбалот во нашата земја.
Горан Пандев кој преку својот клуб Академија Пандев многу добро знае какви се условите за фудбал во Македонија, го крена гласот против ФФМ.
Викендов, неговиот клуб во тешки услови за игра, на терен покриен со снег загуби од Работнички, а денеска тој прстот го впери во раководството на ФФМ.
„Срамно и жално… уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе кои не му мислат добро на македонскиот фудбал туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви… доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес… излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска лига), колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период… спремен сум ако не се сменат некои работи ако клубовите не одлучуваат во фудбалската федерација да се тргнам на страна“, напиша Горан Пандев.
View this post on Instagram