Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас се очекува кариерата да ја продолжи во Наполи, а таквиот потег го поздрави и капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев.
Медиумите во Италија тврдат дека трансферот е веќе договорен и дека Наполи за потписот на Елмас ќе плати 16 милиони евра плус бонуси, па наскоро се очекува официјализација.
„Елиф е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа. Може да игра на сите позиции во средниот ред, има добар преглед на играта, а може да игра и како офанзивен фудбалер за врска. Веќе разговарав со Елмас, не кажа ништо посебно, но ќе биде среќен ако дојде во Италија“, изјави Пандев за „Скај Италија“.
„Верувам дека Наполи е идеален клуб за него. Елмас за 16 милиони евра е многу ефтино, доколку Наполи го купи, прави одлична зделка“, додаде Пандев.