Пандев на прес-конференција во Амстердам: „А да ги тргнеме Коката-Коли и да ставеме Струмка?“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, денеска, во Амстердам, на дуелот со Холандија во рамки на Европското првенство, ќе го одигра последниот натпревар во дресот на нашата селекција, а на прес-конференцијата направи вистинско шоу пред новинарите.

Имено, во салата каде што се одржува прес-конференцијата во Амстердам, Пандев реши да се пошегува на сметка на Кристиано Роналдо, кој неодамна ги отстрани кока-колите од масата и рече дека треба да се пие вода.

„А да ги тргнеме Коката-Коли и да ставеме Струмка?“ – на струмички дијалект рече Пандев на шега пред почетокот на прес-конференцијата и слатко се изнасмеа на тоа.