Пандев и Ангеловски гласаа за Модриќ! Еве како гласаше Балканот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Плејмејкерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ синоќа и официјално беше избран за најдобар фудбалер на светот според ФИФА.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, како и селекторот Игор Ангеловски своите гласови ги дадоа токму за Лука Модриќ.

Ангеловски освен за Модриќ, гласаше и за Антоан Гризман и Роналдо, додека Пандев своите гласови ги дал за Кевин Де Брујн и Рафаел Варан.

Покрај македонските преставници, и најголем дел од соседните земји, односно од регионот го прогласија Хрватот за најдобар во светот. Хрватските медиуми пишуваат дека и Џеко (БиХ), Јоветиќ (Црна Гора), Јокиќ (Словенија), Џуџак (Унгарија) и Ујкани (Косово) му дадоа пет гласови на капитенот на „коцкестите“, додека Коларов (Србија) го стави на третото место после Меси и Де Брујн.

Кога се во прашање селекторите, покрај Ангеловски, на Модриќ најмногу гласови му дадоа уште Панучи (Албанија), Просинечки (БиХ), Роси (Унгарија), Тумбаковиќ (Црна Гора), Кавчиќ (Словенија), додека Крстаиќ (Србија) не го стави ниту меѓу првите три: Роналдо, Азар и Гризман.