Пандев денес испишува историја во Серија А!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев денес може да влезе во историјата на италијанскиот фудбал.

Имено, доколку Пандев денеска настапи за Џенова против Фросиноне, ќе го запише 400-ти настап во Серија А и ќе биде само шести странец со вакво остварување во фудбалска Италија.

Пандев минатата недела доби италијанско државјанство, а денеска има шанса да се запише во историјата и да им се приклучи на Самир Хандановиќ, Марек Хамшик, Хозе Алтафини, Курт Хамрин и Хавиер Занети.

Македонскиот капитен речиси цела своја кариерата настапува во Италија, освои се што можеше да се освои во „Серија А“ преку настапите со Интер, Лацио, Наполи и Џенова каде сака да ја зврши кариерата.

Пандев ќе имаше и повеќе настапи ако во сезоната 2014/2015 не се реши да направи мала пауза од Италија и да се пресели во Галатастарај. Но брзо се врати и продолжи со одличните игри во Сериа А.

Најмногу натпревари во италијанската Серија А, Пандев има одиграно за екипата на Лацио, односно 159, додека за Џенова досега одигра 82 меча.

Доколку Пандев до крајот на тековниот шампионат продолжи редовно да настапува за Џенова, или пак остане уште една сезона во Серија А, тогаш има шанси да се најде и меѓу 50-те фудбалери кои имаат најмногу настапи вооопшто во Сериа А.