Панчевски пак не се појави на суд за рочиштето во кое е тужен за мобинг


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пет адвокати денска во судница го бранеа екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски од некогашниот близок соработник, Горан Стаменковски. Поранешниот прв човек на Скопска единица е тужен за мобинг. Контроверзниот Панчевски не дојде на судењето. Неговите адвокати бараа усно да одговорат на тужбата. Судот не им дозволи. Даде рок од 15 дена на писмено да подготват одговор. За одбраната, доказите на Стаменковски не укажувале дека имало мобинг од Панчевски.

Од доказите не произлегуваат доказите за мобинг, а поденесе тужба како конкретната од цели нему познати, за да стекне корист или на тужениот да му причини штета, врши груба злоупотреба на правото за тужба за мобинг, изјави Димитар Дангов, адвокат на Владимир Панчевски

Адвокатите на Стаменковски посочија дека според законот, Панчевски мора на писмено да одговори на нивната тужба.

Мора писмено да се изјаснат во рок од 15 дена. Ако не се изјаснат, може да биде постапено по тужбата и судот да дозволи да има пресуда. Поради специфичноста на постапката инсистиравме се да оди законски, изјави Душко Јанковиќ, адвокат на Горан Стаменковски

Со писмено соопштение реагираше и Горан Стаменковски.

Евидентно е дека сум одел на протести на Шарената револуција, што очигледно не му одговараше на тогашниот Претседател, а јас бев присутен бидејќи знаев дека е член на СДСМ.

Кратко одговори, Панчевски.

По измислиците за тавчињата, решоата, грамафоните и касетофоните, поголема глупост немам слушнато, со што се поставува прашањето за менталниот капацитет на тој што го дал соопшението.

Поранешниот Претседател на Кривичниот суд, беше актуелен и со дивогрдабата која ја изгради во Центар, па потоа што сам ја урна.