Панчевски излегува од затвор – укината му беше пресудата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившиот судија и претседател на скопска „единица“, Владимир Панчевски, излегува од затвор и повторно ќе се најде на слобода, по само десетина дена откако почна да ја издржува затворската казна од 2,6 години.

Врховниот суд, по спроведено вонредно преиспитување на пресудите на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, донел решение со кое се укинува правосилната пресуда и случајот го враќа на повторно одлучување во скопска Апелација. Панчевски, повторно ќе следи судење кое ќе трае неколку години.

Во Советот кој ја донел одлуката биле судиите Сафет Кадрии, Фаик Арслани, Џемаили Саити, Африм Фидани и судијката Мирјана Лазарова Трајковска, кои одлучиле по само 4 месеци откако на Панчевски Апелација му ја намали казната од 3,6 на 2,6 години.

Владимир Панчевски беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека од 2013 до 2016 година, надвор од системот АКМИС, по сопствена волја, поделил 45 судски предмети на судии за кои тој сметал дека се подобни. Откако беше обвинет Панчевски со месеци го избегнуваше судот во Велес, кој, пак, мораше да нареди негово приведување и притворање.