Паметна маица која ве „сеќава“ кога сте жедни и ве предупредува да се рехидрирате


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Група студенти (два инженери и еден моден дизајнер) од Филаделфискиот Универзитет работат на развивање на маица која во себе ќе ја има вградено оваа технологија, во колаборација со Verizon Emerging Technologies.

Verizon ја започнале оваа програма во 2014-та, со цел да се создадат нови типови на уреди и технологии кои ќе прибираат податоци во реално време.

Компресирачката спортска маица направена од полиестер и ликра делува како обичен дрес, но има мек скелет од сензори сошиени во неа, кои испраќаат информации во врска со работата на срцето, движењето и нивото на хидратација директно во вашиот смартфон.