Видео

Паметен билборд во Стокхолм: Кашла ако некој пуши цигара во близина

Кога лица кои пушат цигари ќе поминат покрај џамбо плакатот во Стокхолм се случува нешто чудно: момчето од билбордот почнува да кашла. Се работи за кампања која има за цел да ги поттикнат пушачите да ги остават цигарите.

Иновативната реклама ја плаќа шведскиот лекарски синџир, кој сака да ги поттикне пушачите да ги остават цигарите.

На прв поглед дигиталниот екран изгледа сосема вообичаено со машки модел, но ако некој со цигара помине покрај него тој почнува да кашла бидејќи му пречи димот.

Потоа билбордот почнува да прикажува промотивен спот за разни производи кои помагаат на пушачите да престанат да пушат, а кои ги нуди синџирот аптеки Хјартат.

Фредрика Кулберг, директорка на маркетинг во Хјартат рече дека целта на кампањата е да се разговара за проблемот од конзумирање на цигари и да се документираат реакциите, со цел луѓето да се поттикнат да живеат здрав начин на живот.

Advertisements
To Top