Памела Андерсон му се врати на 18 години помладиот Адил Рами


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Една од најпопуларните Плејбој зајачици на сите времиња, фаталната Памела Андерсон, повторно е во „старо-нова“ врска. Славната Пам му се врати на 18 години помладиот фудбалер Адил Рами.

Пријателите од некогашната фатална секс бомба не ја одобруваат врската на Андерсон со Рами, пишува TMZ.

Памела и Рами нивната турбулентната љубовна врска ја започнаа пред две години, и досега повеќе пати се разделуваа.

Последен пат Памела „го откачи“ Рами кога тој ја побара за жена, но истовремено одбил да се откаже од ноќниот живот.

„Нејзините пријатели не го сакаат Адил и свесни се дека Памела со него не е среќна. Таа врска е преполна со проблеми, но таа е вљубена и одбива да ги види“, изјавил извор близок на Памела.