Памела Андерсон ќе ја дарува Меланија Трамп – еве што ѝ спрема


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Памела Андерсон одлучи да и даде подарок на Првата дама на Америка, Меланија Трамп, а станува збор за бунда од вештачко крзно.

Памела е голем поборник за правата на животните, па се противи на носењето на вистинско крзно, а покрај борбата за права на животните, таа исто така им помага и на мигрантите.

„Ќе и испратам една од моите руски еко-крзнени бунди како подарок, бидејќи сега дизајнирам крзно во Русија”, изјави Памела, за време на инаугурацискиот бал во Вашингтон.

Ѕвездата призна дека не била сигурна околу ставот на семејството Трамп за животните, но кога слушнала дека омилен дизајнер на Меланија ѝ е Марк Баувер, кој е веган, тоа многу ѝ се допаднало. Па, таа решила да им посака сѐ најдобро во животот во Белата куќа.