Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Памела Андерсон силно сака да му помогне на Џулиан Асанж кој веќе шест години се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон.
Основачот на Викиликс неодамна остана без интернет конекција со одлука на владата на Еквадор, па неговата пријателка Памела со него се нема ни чуени, ни видено речиси два месеци.
Поради тоа, таа одлучи за помош да му се обрати на Канје Вест и му напиша писмо до кое се дочепи таблоидот TMZ.
Во писмото до Канје, Памела пишува дека е многу загрижена за Асанж и дека му треба помош, имајќи во предвид дека нема никаква комуникација со надворешниот свет. Таа се сомнева дека некој сака да го убие, па на Вест му се пожали дека врз него се прави огромен притисок.
„Знам дека мислиш со своја глава и дека ја поддржуваш слободата на говорот. Тој е водач на кој му се восхитуваат младите луѓе, но медиумите се под влијание на монопол. Јавна поддршка многу би му значела“, напишала Пам која очигледно сака да го наговори Канје јавно да го поддржи и да проговори за Џулијан Асанж.