Home Спорт Палмарсон незадоволен од Веспрем: Кил и ПСЖ заинтересирани за големиот ракометен талент

Палмарсон незадоволен од Веспрем: Кил и ПСЖ заинтересирани за големиот ракометен талент

Еден од најталентираните ракометари на денешницата, Арон Палмарсон истакна дека е незадоволен од Веспрем, по што не се појави на првиот тренинг на екипата.

Палмарсон посакува да замине во друга средина, конкретно во Барселона која имаше интерес, но не се осуди да ја плати откупната клаузула од последната година.

Но, од страна целата ситуација ја следеа ПСЖ и Кил кои одлучија да преземат инцијатива и да успеат да дојдат до потписот на Палмарсон.

Иако Барселона е средината во која Исланѓанецот би сакал да продолжи, по се изгледа ќе мора да одлучува помеѓу овие гиганти, кои ниту најмалку не се за потценување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…