Палки за младите сопруги – за справување со пијаните сопрузи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Индискиот министер Гопал Бхаргава им подели на штотуку венчаните Индијки стотина дрвени палки, повикувајќи ги да ги употребат како оружје во случај нивните сопрузи да конзумираат алкохол или да ги злоставуваат.

Палките, долги 30 сантиметри, кои инаку се користат за перење облека во традиционалните перални, министерот им ги поделил на околу 700 невести, а врачени им се вчера на масовната венчавка организирана од властите на индиската држава Мадхја Прадеш.

На палките се напишани пораки „За тепање пијаници“ и „Полицијата не треба да интервенира“.

Бхаргава ги советувал невестите прво да поразговараат со сопрузите, додавајќи дека треба да ги „пуштат палките да зборуваат“ доколку сопрузите не сакаат да слушаат.

– Не станува збор за намера жените да се испровоцираат, ниту да се поттикнат на насилство, туку палките имаат за цел да го спречат насилството, објасни тој.