Палавата внука од лејди Дајана мерачи во топлес издание на Ибица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За одење на јавна плажа облечени во бикини војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл сега можат само да сонуваат. Но, не и роднината на принцовите Хари и Вилијам, палавата лејди Амелија Виндзор, која овие денови ужива на Ибица во топлес издание, без да му бери гајле за љубопитните погледи и објективи околу неа.

A post shared by Mel Windsor (@amelwindsor) on

Убавата 22-годишна блондинка која списанието Tatler ја прогласи за најубава припадничка на кралското британско семејствои, е внука на принцезата Дајана. Моментално е 36-та на ред за наследство на британскиот кралски трон, а иако е правнука на војводата од Кент, изненадувачки не беше поканета на венчавката од Хари и Меган.

A post shared by Mel Windsor (@amelwindsor) on

Инаку, Амелија е студентка во трета година на Универзитетот во Единбург, каде стурида француски и италијански јазик.

За разлика од другите членови на кралското семејство, таа има неколку тетоважи, користи Инстаграм каде „обожава да споделува прекрасни моменти и нешта кои ги има на светот, сметајќи го тоа за инспирација“.