Advertisements
Актуелно

Пакет бомба во Лион: Најмалку 13 повредени!

Најмалку 13 лица се повредени во вчерашната експлозија на бомба во центарот на францускиот град Лион, објавија официјални лица.

Според париски „Монд“, од каде се повикуваат на извори во истрагата, повредените не се во животна опасност, а антитерористичката единица од Париз ја презела истрагата за експлозијата.

Претседателот Макрон експлозијата ја окарактеризира како напад.

Полицијата трага по маж осомничен дека оставил велосипед со пакет бомба во близина на пекарница каде што се случи експлозијата.

Advertisements

Најпопуларно

To Top