Пак руши рекорди: Реиздание на Mein Kampf од Хитлер повторно бестселер во Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реиздадената книга на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер „Мојата борба“ (Mein Kampf), проследена со критички коментари, подготвена од Институтот за современа историја (IfZ) во Минхен, стана бестселер според продажбата во Германија во 2016 година.

Институтот за современа историја во Минхен го објави, со дозвола на сопственикот на авторските права сојузната покраина Баварија кои истекоа минатата година, на почетокот од 2016 година коментираното издание на „Mein Kampf“, напишана во 1924 година кога Хитлер бил во затвор по неуспешниот преврат од претходната година.

Оваа книга се наоѓаше на второто место на листата на стручна литература, а имаше иницијатива со коментарите да биде вклучена да се користи во текот на наставата по историја за учениците од повисоките класови во средното образование. Новото издание содржи повеќе од 3.500 коментари на делови од политичкиот памфлет на Хитлер во кои се појаснува заднината и историските околности на поедини делови.

Според директорот на минхенскиот Институт за современа историја, Андреас Виршинг, откако книгата се појави во продажба во јануари 2016 година во следните дванаесет месеци, биле продадени 85.000 примероци, наместо првично планираните само 4.000 книги. Кон крајот на јануари годинава ќе се појави и веќе шестото издание.

4-1-mein-kampf1

Како што и претходно беше објавено, Виршинг за весникот Tagesspiegel потврдува дека годинава ќе се појави и француското издание на делот на Адолф Хитлер. „Но тоа нема да биде буквален превод. Преводот ќе биде скратен и преработен“, додава.

Виршинг истакнува да досега добиле 70 барања за превод, но тоа „ги надминува капацитетите на институтот“. Научникот додава дека „единствено што би можеле до го сториме е преводот на англиски, бидејќи со тоа ќе биде опфатен многу поголема публика“.

Во книгата младиот Хитлер ја поставува својата политичка доктрина на национал-социјализмот обвинувајќи ги за тогашната лоша состојба и мизерен живот во опустошената Германија повеќе групи, како Евреите и марксистите. Откако Хитлер дошол на власт во 1933 година, биле отпечатени милиони копии, а од 1936 година нацистичката власт на сите млади двојки им подарувала по еден комплет.

До 1945 година Mein Kampf била преведена на 18 јазици, и продадена во повеќе од 12 милиони примероци.