Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека Хрватска се покажала како непријателска земја кон Србија, бидејќи го стопираше доводот на нафта преку нафтоводот Јанаф (Јадрански нафтовод).
„Сето ова се случува на барање на Хрватска, а Србија се казнува бидејќи бара правда за убиените деца, а ова да не го спречи Европската Унија, тоа е скандал“, кажа Брнабиќ.
Таа оцени дека одлуката за стопирање на нафтата е директна финансиска штета на Србија и дека со тоа „им избија од џебот на граѓаните на Србија“ стотици милиони евра.
„Тоа е срамна одлука на ЕУ и таа одлука смени сè, а во Прага ќе видат кој е Александар Вучиќ, никој нема да се осмели да го праша што било“, кажа премиерката на Србија.
Таа кажа дека не постои алтернативен нафтовод и дека Хрватска тоа го злоупотребила.
„Не можеме да најдеме поевтина нафта од оваа, а очигледно не мораат ни договорите да се почитуваат. Бугарија може да користи руска нафта, а Србија не може“, кажа Брнабиќ.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека санкциите на Србија со кои би се забранил увозот на руска нафта преку Хрватска, односно нафтоводот Јанаф се одложени.
„Она што го работевме со Русија беше по добри цени. Сакам на сите да им објаснам што се случи. Хрватскиот премиер излезе со теза дека не е фер Србија да ја има таа цена на нафтата. Одлуката за нафтата е одложена до 1 декември, но нема рационално објаснување за хрватската интервенција“, кажа Вучиќ.
Истакна дека бугарскиот претседател Румен Радев отворено кажал дека одлуката за нафтата не е фер кон Србија, како и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во завршниот говор.
„Им благодарам на тоа“, кажа Вучиќ и додаде дека добил информација дека незадоволство изразиле и унгарскиот премиер Виктор Орбан и премиерот на Албанија Еди Рама.
„Не е лошо што сега таа одлука е одложена. Ние сме помал потрошувач од Унгарија, Чешка и Бугарија. Немаше друга цел освен да ѝ се наштети на Србија“, кажа Вучиќ.
Праша кој на Хрватите им дал право да одлучуваат чија нафта Србија ќе купува.
„И кога сето тоа го правеа и забрануваа пристап до Јасеновац, јас и тогаш кажав дека немаме проблем со користењето на Јанаф, нафтоводот кој заедно го градевме во Југославија. Беа сигурен доставувач. Но тоа повеќе не е така, а 70 отсто од работењето на Јанаф е во Србија. Никогаш ни ден не доцневме со плаќањето“, кажа Вучиќ.