Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Музичката агонија на Македонија, кога станува збор за изборот за Песна на Евровизија, продолжува и оваа година, кога повторно останавме без учество во финалната вечер.
Македонскиот претставник на 63. избор за песна на „Евровизја“, групата „Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ не успеа да обезбеди пласман во финалето на оваа музичка манифестација која годинава се одржува во португалската престолнина, Лисабон.
Од вкупно 18 земји учеснички на првата полуфинална вечер, на финалето во сабота се пласираа претставниците на: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска.
Втората полуфинална вечер, по која ќе бидат познати уште десет финалисти, ќе се одржи на 10 мај.
Инаку, Македонија нема влезено во финалето на евровизиското музичко натпреварување од 2012 година, кога земјава ја претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“.