Home Blog Page 4353

Деветто чествување за бардот на македонската литература Петре М. Андреевски

Со беседата на професор д-р Елизабета Шелева во петокот започна годинешното „Славење на пирејот“ во Слоештица, родното село и вечното почивалиште на Петре М. Андреевски, јавува Макфакс.

„…Кај Петре М. Андреевски љубовта кон родната земја и националната културна традиција природно се кондензира, во облик на исконска, искрена емоција, достојна за најголемите и највисоките креативни предизвици. Таа лојалност и љубов спрема татковината не е плод на бесрамна кокетерија, реторичка поза, ниту конформистичко додворување кон моменталните „авторитети“ на власта ….Во таа смисла, Петре остануваа неумоливо остар и критичен, како и секој вистински, непоткуплив автор, кој достоинствено држел пред сѐ до својот личен интегритет и чест – знаејќи, дека, како „човек на зборот“ – тоа е сѐ што има, а лесно може да го загуби, доколку би ги изневерил сопствените строги, артистички принципи и личната непоткупливост“, ќе потсети Шелева.

Програмата наманифестацијата продолжи на ткн Уметничкото гумно, на кое беше отворена изложба на делата создадени за време на меѓународната уметничка резиденција на Арт Поинт – Гумно 2015, како и на портрет-фотографии на уметниците од Сашо Н. Алушевски.

На гумното ќе бидат промовирани и резултатите од проектот „Поздравете ги птиците од Илинска и Плакенска Планина“ што организаторите го спроведуваат со поддршка од Македонското еколошко друштво и Еуронатур од Германија.

Особеност на годинешното издание на манифестациајта му дава оригиналниот сценски перформанс „Слојчки приказни кажани од Дедо Илија Кочовски“ во изведба на млада актерска тројка (сите со потекло од селото Слоештица) и режија на Андреј Цветановски. Цветановски е воедно и автор на документарниот филм „Животиште‟ (посветен на неговиот татко) што премиерно ќе биде прикажан на сцената – мост Бела Река.

Годинава, манифестацијата е делумно поддржана од страна на Министерството за култура на и градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски.

Почнуваат Струшките вечери на поезијата

Со засадување дрвце во паркот на поезијата во чест на лауреатот, кинескиот поет Беи Дао и традиционалното читање на песната „Т`га за југ“ пред Домот на поезијата денеска почнува 54. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Годинашниот добитник на „Златниот венец“, кој пред 12 години беше учесник на фестивалот, по пристигнувањето во Струга истакна дека признанието е многу важно за него, но и оти е среќен што има можност повторно да се сретне со големи поетски имиња од светот.

Престижната награда на Беи Дао ќе му биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“.

Струга по 54. пат ќе биде претстолнина на поезијата, а фестивалот ќе се одржува пред Домот на поезијата и на отворени сцени во Струга. Истовремено поетски читања, „Поезија на пат“ ќе има и во Охрид, Ресен, Битола и Скопје.

По свеченото отворање во предворјето на Домот на поезијата ќе се одржи меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

На фестивалската програма предвидени се поетски читања на учесниците од платформата „Версополис“ и традиционалните „Ноќи без интерпункција“.

Поезија ќе читаат и поетите од потесниот избор на наградата „Браќа Миладиновци“, чиј добитник ќе биде прогласен в сабота на прес-конференција. Во честа на јубелејот „50 години Златен венец“ ќе има поетски портрет на Адонис, лауреат во 1997 година.

На 54.Струшки вечери на поезијата ќе учествуваат 44 поети од 29 земји. Присутни ќе бидат имиња во современиот поетски свет од Шпанија, Шведска, Индија, Германија, Норвешка, Австралија, Чиле, Јапонија, Израел, Словачка, Русија, САД, Либан, Мексико, Молдавија.

Извор: 24 Вести

Се одржа Изворен Балкански фолклор 2015

По шести пат се одржа манифестацијата Изворен фолклор на Балканот Прилеп 2015, што ЦК ,,Марко Цепенков,, веќе традиционално ја организира во рамките на Прилепското кутлурно лето.

Публиката имаше можност да ужива во фолклорот што го претставија изворната група ,,Пијанец,, при КУД,, Никола Јонков Вапцаров,, од Делчево, вокално инструменталниот состав Ѓурѓовден при читалиштето ,,Ѓорѓи Победоносец,, од Софија, Бугарија и КУД,, Врелац,, од Врањска бања, Србија.

Изворната група ,,Пијанец,, го презентираше изворниот фолклор од пијанечко – малешевскиот, осоговскиот и Пиринскиот регион., додека бугарскиот состав од читалиштето ,,Ѓорѓи Победоносец,, ги вклучи фолклорните звуци од сите краеви на Бугарија.

КУД,, Врелац,, од Врањска бања се претстави со дел од богатиот репертоар на песни и ора.

„Електра“ од МНТ победник на 50-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Тричленото жири во состав: Ѓорѓи Јолевски, Илбер Муртези и Тони Михајловски ги објави наградените актери, драмски и театарски работници и претстави на јубилејното 50-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп.

Наградата за најдобра претстава во целина ја доби „Електра“ од Македонски народен театар, Скопје. За истата претстава, награда за најдобра режија доби режисерот Андриј Жолдак. Од истата претстава, актерката Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра главна женска улога. Наградата за најдобра главна машка улога ја доби Адем Карга од Албанскиот народен театар за улогата во претставата „Предавање“.

Најдобра споредна женска улога беше онаа на Ѕвездана Ангеловска, во „Електра“, а наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Митко Апостолоски за улогата во „Иванов“ од Чехов, во изведба на Битолскиот народен театар.

Награда за најдобра музика за претстава доби Марјан Нечак за „Свадби“, а за кореографија претставата „Многу врева за ништо“.

Започна 50-то јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Во присуство на Претседателот на РМ Ѓорге Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, пред патениците во собранието на РМ, Градоначалникот Марјан Ристески, претседателот на совет, уметничкиот директор на Фестивалот Петар Темелковски и пред голем број на гости започна 50-то јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

13.6.festival1

Фестивалот започна со Македонската химна, а веднаш потоа следуваше читање на Повелбата –  признание кое Претседателот Ѓорге Иванов му го додели на јубилејниот фестивал. Плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ претставуваше голема театарска сцена на која актерите од македонските театри пееја и  изведоа  делови од текстови на патронот – Војдан Чернодрински. Режисер на овој заеднички перформанс кој траеше околу два часа беше познатиот режисер Дејан Пројковски.

13.6.festival2

13.6.festival3

13.6.festival4

Во официјалниот дел на фестивалската програма и во трката за награди се 13 претстави на македонските професионални театри. Фестивалот ќе трае од 12 до 19 јуни. Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Мето Јовановски и Благоја Чоревски и театрологот Јелена Лужина. Фестивалската програма започна вчера со претставата на МНТ „Електра“, која поради спецификата, публиката ја гледаше во Скопје на нејзината матична сцена. На 16 јуни публиката ќе патува во новиот театар во Велес за да ја проследи претставата „Приказни од шестиот кат“.

13.6.festival6

13.6.festival7

13.6.festival8

Во присуство на Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и Градоначалникот Марјан Ристески беше пуштена во употреба и реконструираната сала во ЦК „Марко Цепенков“, а воедно ја проследија и изложбата „Древности“ од Александар Станкоски која се оддржа во ликовна галерија.

13.6.festival9

13.6.festival10

13.6.festival5

„Свети Јован Претеча“ – стерна на умствена свежест и духовно смирение

Над легендарното Слепче (демирхисарско) кое спокојно ги брои дните и летата вгнездено во подножјето на горостасната планина Илиница, меѓу неколкувековните дабови стебла, својата приказна непрекинато ја ткае и раскажува слепченскиот манастир со црквата посветена на Свети Јован Претеча.

11.6.preteca2

Прецизни и најконкретни податоци за изградба на првата црква во овој комплекс и основањето на манастирот не постојат. Според некои извори, манастирот е изграден во 1010 година, познатата битка помеѓу македонскиот цар Самоил и грчкиот цар Василиј II, што се одиграла на Беласица во 1040 година и завршила со трагичното ослепување на самоиловите војници. Ослепената војска, по битката, се задржала во месноста на денешното село Слепче, кое, според овој историски настан, го добило и своето име.

11.6.preteca4

11.6.preteca5

Според некои научни податоци, манастирот постоел пред XIV век, потпирајќи го своето мислење врз податокот дека во 1393/34 година, во него е препишан еден триод на црковно-словенски јазик. Првото, конкретно споменување на манастирот датира од 1543 година, во едно писмо на протопопот Лука.

11.6.preteca6

11.6.preteca7

За историјата на манастирот постојат извори што кажуваат дека Косара, ќерката на цар Самоил, му подарила на манастирот имот во Елбасан-Албанија, а според едно предание, во 1881 година, во манастирските простории бил одржан демирхисарскиот конгрес на кој присуствувале делегати од цела Македонија.

11.6.preteca8

11.6.preteca9

11.6.preteca10

За време на своето постоење, тој бил трипати пален: во 1675 год, од страна на Албанците кои ги земале сите негови драгоцености, оставајќи ги само кутијата со светите мошти и крстот; во 1954 изгореле трпезаријата и магерницата, а во 1972 година, изгорела десната страна на иконостасот.

11.6.preteca11

Манастирската црква која денес опстојува во дворот на манастирот е изградена во 1862 година, на местото каде претходно постоела старата голема и живописана црква.

11.6.preteca13

11.6.preteca12

Од повеќето сочувани стари уметнички предмети, со својата вредност се истакнуваат “Големиот крст со распнатиот Христос” (XVI век), “Царските двери” и певниците изработени во копаница. Посебно се интересни двете пронајдени врати, изработени во плитка резба со различни фигури и со мотивот плетенка, преставен на начин кој се сретнува во ракописи од XV-XVI век. На црквениот иконостас постои и голем “Чин”, што го изработил монахот Калиник во 1607 година. Од XVI-XVII век потекнува старата живописана трпезарија, како и двете влезни врати, западната живописана во 1637, а јужната во 1638 година.

Фотографија: Александар Војнески

Театарски спектакл и 13 претстави во конкуренција за 50. МТФ „Војдан Чернодрински“

На 12 јуни со театарски спектакал на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп ќе почне 50-то, јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, соопшти денеска на прес-конференција селекторот и уметнички директор на Фестивалот Петар Темелковски.

Во официјалниот дел на фестивалската програма и во трката за награди се 13 претстави на македонските професионални театри. Фестивалот ќе трае од 12 до 19 јуни.

– Со поддршка на локалната самоуправа и на Министерството за култура ќе направиме отворање на Фестивалот достојно за неговиот петдецениски јубилеј со кој ретко која манифестација може да се пофали, рече Темелковски.

Според изборот на уметничкиот директор на Фестивалот во конкуренцијата за награди се Македонскиот народен театар кој ќе ја изведе „Електра“ според митот за Електра од Еврипид, Софокле, Есхил и Сартр во режија на Андри Жолдак, Драмски театар  во официјалната фестивалска програма е со „Безљубни“ од Благица Секуловска во режија на Златко Славенски, Театар комедија е со „Многу врева за ништо“ од Шекспир во режија на Деан Пројковски. Театарот од Велес ќе настапи со „Приказни од шестиот кат“ од Драги Михајловски во режија на Дејан Дамјановски, Албански театар во програмата е со „Предавање“ од Мартин Мекдона во режија на Ќендрил Ријани, Турски театар е со „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Александар Поповски, Народниот театар од Штип во официјалната фестивалска програма е со „Хотел ни на небо ни на земја“ од Ерик Емануел Шмит во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, Битолскиот театар со „Иванов“ од Чехов во режија на Александар Баргман. Во трката за фестивалските награди се и претставите: „Залудни маки на љубовта“ од Шеркспир во режија на Тетовскиот театар, „Крвави свадби“ од Лорка во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на театарот од Струмица, „Мајка храброст“ од Брехт во режија на Ѕвездана Ангеловска, а во изведба на Кумановскиот театар, „Детектор за лаги“ од Сигарев во режија на ненад Витанов на театарот од Охрид и „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на народниот театар од Прилеп.

Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Мето Јовановски и Благоја Чоревски и театрологот Јелена Лужина.

Темелковски најавува богата фестивалска програма и во придружниот дел со полноќни театарски претстави и со промоции и трибини.

– Задоволен сум од претставите што ги гледав за да се состави фестивалската програма. Секогаш доаѓаат најквалитетните остварувања на театрите. Освен што програмата е шаренолика, на сцените ќе се појават и нови актерски имиња што се подмладок на ансамблите на македонските театри. Фестивалот ќе донесе и претстави во придружниот дел, трибини, особено ќе бидат претставени досегашните добитници на наградата за животно дело. Ќе биде претставена и монографијата за јубилејот на Фестивалот. На отворањето на 12 јуни, прво ќе има претстава на сцената од Прилепскиот театар, а сите потоа ќе се упатат на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ каде во чест на фестивалот ќе има театарско отворање со сета фестивалска публика и можност прилепчани да уживаат во тоа. Се уште се подготвува перформансот и допрва ќе се направи редоследот на претставите кои ќе бидат во програмата, изјави Темелковски.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ја најави вообичаената поддршка на една од најголемите манифестации, особено што во пресрет на Фестивалскиот јубилеј комплетно ќе биде обновена големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“.

– Фестивалот е гордост на Прилеп и за Македонија. Тој е на сите, особено на прилепската публика која знае да го цени и да ја награди театарската уметност, посочи Градоначалникот Ристески.

Поезија: „Ти не си секогаш таков“ – Ацо Шопов

Пријателе, знам, ти не си секогаш таков,
и не се такви сите твои есени.
Тажно е да зборуваш осамен во мракот
за своите радости однесени.
Тажно е да копнееш за една средба само
кога ти е животот бескрајно патување,
галеби да носиш на своето рамо
a да не гo чуеш нивното милување.
Тажно е во ноќта да бидеш сам сo птиците,
да чекаш сo нив сам в некоја пуста станица,
и додека некој се лула низ улиците
да мислиш дека ти си, ти си тoj пијаница.
Пријателе, знам, не е секогаш така
и не се такви сите твои есени.
Понекогаш ја топлат твојата рака
стиховите од ветерот донесени.

Ацо Шопов

Четврто книжевно продолжение на „50 нијанси сиво“ – пристигнува на 18 јуни

Е.Л.Џејмс, авторката на плантарниот книжевен феномен „50 нијанси сиво“, се враќа со ново, четврто продолжение на популарниот еротски серијал.

Книгата под наслов „Grey“ (Сива), ќе биде објавена на 18 јуни, соопштија од издавачката куќа Vintage Books.

Овој пат приказната е раскажана од „машки агол“ т.е. од аголот на милијардерот Кристијан Греј, чија жешка романса со младата Анастазија Стил стана опсесија од меѓународни размери.

Британската писателка наведе дека новата книга е посветена на читателите  кои ја „молеле и молеле и молеле“ да го напише романот каде наратор ќе биде Кристијан.

„Кристијан е комплексен лик и читателите од самиот почеток беа фасцинирани од неговите желби и мотивации, како и неговото проблематично минато“, наведе Џејмс.

„Како што знае секој кој бил во врска, во секоја приказна постојат две страни“, истакна таа.

Од издавањето на првиот роман во 2011 година, трилогијата „50 нијанси“ продадена е во повеќе од 125 милиони примероци и ги собори рекордите во продажба, како на печатени така и на електронски изданија.

„Прилеп На Точак“ со првороденденска 12-та Критична маса

Во среда (27.05.2015), во Прилеп, по дванаесетти пат се вози Критична Маса.

КритичнаМаса #12, е различна од другите бидејќи е РОДЕНДЕНСКА.

Веќе една година Прилеп НаТочак се обидува да ја подигне свеста и значењето на возењето велосипед, како и позитивните придобивки за целото опшество.Прилепчани се повеќе го користат велосипедот како превозно средство, а со тоа се зголемува и потребата за подобрување на условите за велосипедистите.

Во Прилеп, Критична Маса се вози еднаш месечно, секоја последна среда од месецот.
Оваа Критична Маса се очекува да биде најмасовна досега, покрај тоа што ќе се вози вообичаена рута низ градските улици, по завршувањето следат изненадувања, мала прослава и дружење со точакољубците.

Повелете,заедно да го прославиме првиот роденден и да си посакаме уште многу заеднички возења.

Среда,27мај,2015

Место: Споменик „Александар Македонски“

Старт: 19:00часот

Прилеп На Точак е градска иницијатива која има за цел подигање на јавната свест на љубителите на велосипедизмот, шоферите, пешаците, децата, родителите, јавните институции и сите други во Прилеп за користењето на точакот како урбано и модерно превозно средство за секаде и во секое време.

Што е критична маса?

Критична маса е возење точак! Се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едноместо и заедно се возат по улиците од нивниот град.
Критична маса нема раководство. Тоа е возење каде никој не е главен. Секој е одговорен за себе и за Масата.

Приказната зад името

Името „Критична маса“ е земено од документарниот филм за велосипедизмот на Тед Вајт(Ted White) „Return of the Scorcher” (1992) – „Враќањето на велосипедот“ (Scorcher е сленг имеза велосипед од 19 век). Во филмот, Џорџ Блис (George Bliss) опишува типична сцена во Кина, каде што велосипедисти не можат да поминат крстосници бидејќи има премногуавтомобили, а нема семафори. Полека полека, се повеќе велосипедисти се собираат чекајќида ја преминат крстосницата, и кога ќе има доволен број од нив, односно ќе се создаде “критична маса“, како штоБлис ја нарекува, благодарејќи на својата бројност тие можат да си го пробијат патот.

Денес критична маса се организира во над 300 градови во светот. Нема лидери, немаформална организација, само критична маса велосипедисти. Најмасовната КМ се одржала во Будимпешта, Унгарија во 2008 година, кога учествувале 80.000 велосипедисти.