Home Blog Page 4350

Кога се градеше Сиетл, се преместуваа цели планини – буквално!

На почетокот од 20-ти век, Сиетл забрзано стануваше главен трговски центар на северо-западниот американски брег од Пацификот.

2.2.seattleregrade-1

Сместен на малку терсене и ридест предел, поради експанзијата, на градот му биле потребни реконструктивни зафати за проширување. А кон таа потреба придонесол и пожарот кој уништил голем дел од централното градско подрачје. Тоа било архитектонски предизвик за инженерот Р.Х. Томсон, кој ја искористил таа прилика не само да го реконструира центарот на градот, туку и да ја преуреди и теренски трансформира целата област на Сиетл.

2.2.seattleregrade-2

2.2.seattleregrade-3

Во рамки на тој потфат и проект, од ’90-те години на 19-ти век до ’20-те години од 20-ти век неверојатни 50 милиони кубни јарди земја биле буквално преместени и отстранети од областа, за да се добие поголема површина за градот во развој. Во целата акција учествувале голем број градежни експерти и инженери, за сето тоа да биде направено како што треба.

2.2.seattleregrade-4

2.2.seattleregrade-5

2.2.seattleregrade-6

2.2.seattleregrade-7

2.2.seattleregrade-8

2.2.seattleregrade-9

2.2.seattleregrade-10

2.2.seattleregrade-11

2.2.seattleregrade-12

2.2.seattleregrade-13

2.2.seattleregrade-14

2.2.seattleregrade-15

10 ГОДИНИ ТАРАТУР – Еве ја нашата приказна!

Во јануари 2006, пред точно 10 години, двајца студенти во Скопје, добри пријатели, во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу го создадоа Таратур. Едниот од нив, во следните редови ќе ви раскаже што се случи во приказната за „најсвежиот македонски забавен портал“.

Во 2005 година интернет сцената во Македонија изгледаше отприлика вака: имаше само неколку веб портали кои можеа да се избројат на едната рака, 2-3 прилично посетени форуми и еден популарен сајт за запознавање кој сега не постои. Бидејќи ретко кој дома имаше интернет, најголемиот дел од младите одеа во специјализирани интернет локали каде добар дел од времето го трошеа на забавните сајтови при што можеа да прочитаат некоја занимливост или да си симнат видео клипче, па да се забавуваат сами или со пријателите.

Такво интернет кафе имаше и во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, каде што авторот на овие редови тогаш ’го вадеше лебот’. Така некако дојде идејата да се направи веб портал во кој ќе има буквално се и сешто. И од тој порив, дојдовме и до идејата за името. Таратур.ком беше слободен и на 17.01.2006 ги потрошивме првите неколку долари за домен. Закупивме и хостинг (македонски, кој на првото вирално видео се покажа дека е катастрофа), инсталиравме Друпал, испрограмиравме нешто што мислевме дека ќе задоволува и по неколку дена го објавивме првиот пост.

Бидејќи првиот Таратур имаше прилично едноставен дизајн (што тогаш не беше некој исклучок) на почетокот на 2007 го создадовме вториот Таратур со тогаш револуционерен концепт – сместување на статии во посебни блокови на насловната – нешто што го немаше ниеден портал во Македонија дотогаш, а веќе стануваше хит во светот. Први ставивме и наш видео плеер каде видеата се гледаа онлајн (дотогаш требаше да си симнеш клипче и да си го гледаш офлајн) и први почнавме посериозно да го третираме спортот. Од мноштвото спортски вести на Таратур нормално беше по некоја година да се оддели нов специјализиран портал – Sportski.mk.

28.01Taratur3
Што се случуваше во меѓувреме? Голем број ѕвезди и познати фаци кои денес ги препознавате на улица станаа познати благодарение на Таратур. Ние бевме првите што ги промовиравме, им пуштавме видео материјали, им објавувавме песни. Еден познат стенд ап комичар стана хит благодарение на Таратур, а нема да бидеме нескромни ако кажеме дека и фамата со стенд ап комедијата во Македонија најмногу се јави меѓу другото и заради нас. Ги мајтапевме и најголемите кај нас, а особено интересни ни беа мејнстрим медиумите кои го учеа интернет занаетот често ’јадејќи кромид’. И многу легендарни ликови на интернет се појавија поради нас!

28.01Taratur2
Сменивме неколку дизајни, за на крајот на 2014 да го поставиме сегашниот Таратур.

Од друга страна, не бевме и се уште не сме посебно заинтересирани за меѓупартиските препирки и сме внимавале да зачуваме политичка неутралност, но затоа отсекогаш сме јасни во однос на националните прашања, и особено проблемот што Грција го има со нашето име. Имавме прилично забележителни колумни на таа тема, први откривме неколку афери, а создадовме и една сатирична веб флеш игра „Опни ги копуците“, на која и овозможивме и англиска верзија ’Hit the bastards’. Во играта се исмеваа најзабележителните грчки фигури како Дора Бакојани и Костас Караманлис, па нема да згрешите ако претпоставите дека нашата игра се најде во сите грчки медиуми опишана како ’нова провокација на скопјаните’.

Направивме и уште неколку други проекти, некои успешни, некои ги изеде времето (прв интерактивен соновник, специјализиран подпортал за голови, портал за онлајн игри, за еротика и тн.)

Потоа за жал партиската политика влезе во македонскиот интернет простор, се случи хиперпродукција на портали кои веднаш си ставија партиски предзнак, па ’теренот за игра’ стана далеку потежок. Но, и понатаму успеваме да се носиме со предизвиците, да објавуваме работи што ние сметаме дека треба да се објавуваат и мораме да признаеме дека досега не сме имале воопшто проблеми со таквата наша политика – ниту досега некој од нас барал да ставиме или тргнеме вест, ниту била доведена во прашање нашата независност како медиум.

Но, веројатно поради нашиот таков став многу често гледа(в)ме уште ’неотворени’ портали на кои веднаш се форсираат реклами од големи компании, кај кои ние моравме да се ’окозиме’ само да дојдеме до нив. Како и да е, успеавме да преживееме многу премрежија, пораснавме учејќи од грешките кои веројатно ги правевме, за сега Таратур да е респектабилен портал на кој може комотно да му стави предзнакот „Со традиција“!

Во оваа прилика, по повод првата десетгодишнина, би сакал да им се заблагодарам од мое име и од името на целата редакција на Таратур, на сите оние кои придонесле за Таратур на било каков начин. На неколкуте колумнисти, соработници, на сите посетители кои ни испраќаат интересни материјали, на славните фаци кои со задоволство сме ги интервјуирале.

Нека ни се множат уште многу многу децении работа, а вие драги посетители и Фејсбук фанови кои секојдневно сте со нас, сте најголемиот поттик да бидеме што е можно покреативни и поуспешни во иднина.


Пишува: Костадин Стојаноски

Му требаше само снег за ова: Погледнете што изгради типов во својот двор

Reddit корисникот dickpoop88 преку Imgur објави фотографии од своето, како што тој го нарекува, луксузно игло, кое си го изгради во својот двор и кое му служи како место за одмор и релаксација, пренесува Mashable. За тоа му беше потребно само доволно количество снег.

28.1.iglo1

Иглото се состои од врата на лизгање, изработена од дрвени плочи, а кога ќе влезете внатре, преку патека поплочена со даски од кедар стигнувате до дневната соба која е опремена со мала полица за книги, мини бар, дрвена верверица и декоративни свеќи.

28.1.iglo2

Неговиот мал снежен рајски дом има уште една врата на лизгање, зад која се наоѓа соба за вежбање со тег. Интернет популацијата е воодушевена од неговата импресивна и несекојдневна градба.

28.1.iglo3

28.1.iglo4

28.1.iglo5

28.1.iglo6

28.1.iglo7

ТАРАТУР РЕПОРТАЖА: Зимското лице на Кајмакчалан

Со висина од 2.521 метар над морското ниво, на границата помеѓу Македонија и Грција, вгордеан како највисока и највозвишена точка на планината Ниџе, со пристап од двете страни – и македонската, и грчката, Кајмакчалан е петти највисок врв меѓу планинските врвични господари во Македонија. И на самиот старт, мора да признаеме, должински и висински, пристапот од грчката страна е далеку полесен и подостапен отколку вкупните 50-тина километри должина и 1.600 метри надморска висина кои треба да се совладаат од македонската страна, кога ќе тргнете кон оваа врвичност од селото Скочивир.

26.1.kajmakcalan1

Нашето сефте на овој врв беше (конечно, после долго време натегање кога и како да го качуваме) се случи изминатиот викенд, од грчката страна, со почетна точка од ски-центарот Ворас кој се наоѓа не не повеќе од 600 метри надморска висина под Кајмакчалан. Но, зимските услови, а особено жестокиот ветер кој буквално не „тепаше“ директно во лицата додека качувавме кон врвот, дебело ни наплатија за олеснителните околности кои ги нуди грчкиот пристап кон врвот (далеку, далеку пократката должина и далеку помалата висинска разлика кои треба да се совладаат) по кои решивме да го направиме нашето искачување.

26.1.kajmakcalan2

26.1.kajmakcalan3

Патеката од ски-центарот до самиот врв пристојно обележана со оние гранични пластични маркери со кои се ограничуваат и трасираат скијачките патеки, а снегот беше и добро нагмечен од гасениците на ратраците кои се движат нагоре за да ги чистат и одржуваат патеките, а повремено и да однесат некој турист до Кајмакчалан, на возење по снегот со ратрак.

26.1.kajmakcalan4

Ветрот цело време буквално не шибаше со сета своја смрзнувачка суровост и жестокост, правејќи го прилично отежнато движењето по трасираната патека, кое во нормални зимски услови, без ветар, би било далеку полесно и побрзо. Но, секое искуство на планинските падини си носи своја дразба, нуди автентично уживање и откривање на сите лица на природата, а и духот го става на интроспекциски испит – дали ќе издржи во својата зададена намера и цел, да ја одржи внатрешната настројба на телото за како целокупна органско-духовна опстојба да издржи до врвот. И до Врвот – оној внатрешниот, кој секогаш доаѓа заедно со секое искачено врвично извишување.

26.1.kajmakcalan13

Дополнително отежнување беше густата и ниска облачност и магла кои, во комбинација со првенственото качување кое со себе ги носи сето неискуство во однос на теренот до зададената врвична цел, правеа напати да се чувствуваме фрустрирано „загубени“ во густата и непрогледна белина од која очекувавме да изнурне маркантната градба на Кајмакчалан. Но, објектот никако да излезе пред нашите очи, па напати и се посомневавме во правилноста на нашиот правец на движење, и покрај трагите од ратракот (кои, нормално, лесно можат да те однесат во друг правец, па и во круг, ако не си целосно сигурен дека постојано се движиш линеарно), како и споменатите пластични маркери.

26.1.kajmakcalan5

26.1.kajmakcalan6

26.1.kajmakcalan7

После двочасовно искачување и движење по целосно непрегледен и заснежен терен, конечно, од дебелата и монотона белина на маглата комбинирана со онаа на снегот, пред нас се покажа со смрзнат снег накитената меморијална катедрала „Свети Илија“, која се наоѓа на самиот врв Кајмакчалан, посветена на загинатите српски војници во српско/француско-бугарската битка која се водела на таа месност од 12 до 30 септември, 1916 година, како и „смрзнатата“ камбана која е донација од Михајло Пупин. Во неа, своевремено почивала и урната со срцето од швајцарскиот форензичар Арчибајлд Рајс.

26.1.kajmakcalan8

26.1.kajmakcalan9

Силниот студ и жестокиот ветер кои не нè штедеа ниту на врвот, нормално, не ни оставија многу време за пригодно уживање на Кајмакчалан, а силните смрзнати слоеви кои беа наталожени врз црквата не ни дозволија ниту да влеземе во истата. Можевме само да уживаме на свој допадлив начин во импресивното зимско лице на Кајмакчалан.

26.1.kajmakcalan10

26.1.kajmakcalan12

После отприлика 15-тина минути поминати на врвот, соочени со не баш пријатни и не долго издржливи услови, без никаква надеж за смирување на ветрот и кревање на маглата, за да можеме да уживаме во тишината и глетките, се упативме назад кон Ворас. А ова искачување на Кајмакчалан дефинитивно ќе го паметиме по две нешта – како прво качување воопшто, воедно и прво зимско качување на овој врв и на оваа планина, како и возбудливо планинарско искуство во зимски услови.

26.1.kajmakcalan11

Фотографии и текст: Александар Војнески

Skyacht One: „Летечка“ јахта и луксузен авион со дизајн од 75 милиони евра

„Skyacht One“ за многумина важи за најлуксузен авион на светот, а неговата елегантна внатрешност и единствен дизајн чинат 75 милиони евра.

22.1.The-Sky-Yacht1

Дрвениот ентериер, ѕвездена мапа од 14 век е единствениот мурал повеќе припаѓаат на јахта отколку на авион.

22.1.The-Sky-Yacht2

„Skyacht One“ го дизајнираше компанијата „Сото студиос“ од Калифорнија.

22.1.The-Sky-Yacht4

Нејзиниот претседател Едвард Сото изјави дека желбата на дизајнерот била внатрешноста на авионот да ја направи слична на бродовите и јахтите од минатиот век.

22.1.The-Sky-Yacht5

22.1.The-Sky-Yacht6

Дизајнот на авионот е номиниран за најдобар нов концепт меѓу бројната конкуренција.

Танцови рутини како замена за фитнес – нов тренд во тенденцијата за „фит“ тело

Набљудувајќи го порастот во сферата на фитнес информации низ нетот, може да се заклучи дека лесно се доаѓа до професионален совет. Блогови преполни со најновите вести; YouTube канали пренатрупани со корисни видеа; инфографици кои визуелно прикажуваат фитнес рутини од најразличен вид.

Но кумулативната моќ на сево ова, се чини, сè уште не успева да вроди со плод кога е во прашање мрзата и недостатокот на елан. Судејќи по моето скромно искуство, многумина кои прават обид да се фатат на фитнес орото набрзо дознаваат дека тоа бара поголема концентрација и повеќе вложување отколку што се очекува. Не е се така лесно како што изгледа, особено за оној кој долго го оставил своето тело без физичка активност.

18.1.tancovi-rutini1

Па така, наместо напорни тренинзи кои се засноваат на повторливост, постојат и други опции кои би можеле да допринесат за поинтересен старт, и подолготрајна дружба со фитнес.

Танцови рутини

Особено популарни во САД во периодот на седумдесеттите и осумдесеттите години, танцовите рутини набрзо добиваат нова форма и се преточуваат во кардио тренинзи најчесто во форма на Аеробик.
И додека целокупниот ефект се подобрува на сметка на зголемување на интензитетот, се изостава можеби најважната компонента- забава.

Во ера на достапни информации, алатки, апликации, теретани и фитнес центри на секој чекор, она што недостасува се чини е забава и дистракција од напорната работа.

18.1.tancovi-rutini2

Кај оние кај кои фитнесот е навика и рутина ова не претставува исклучително голем проблем, но кај почетниците и оние кои имаат тежок работен ден недостатокот на забава на сметка на напорен тренинг е можеби првата причина за прекинување на фитнес рутината.

Па така многу компании кои се занимаваат со изработка на фитнес програми, по примерот на повеќето фитнес центри во САД, одлучија да понудат и танцови рутини како начин за подобрување на физичката спрема. Одличен пример за ова е Cize од компанијата Beachbody.

Зашто токму танцови рутини?

Најпрвин, да се ослободиме од стигмата која е често присутна- танцовите рутини, иако со далеку послаб интензитет, сепак се валиден начин да се започне со тренинг на целото тело. Тие не се наменети само за постари жени и дејствуваат во повеќе вертикали- кардиоваскуларен тренинг, агилност и координација, баланс, брзина и зголемена контрола на телото.

Потоа да се задржиме на она што докажано функционира- забавата. Наспроти вообичаените рутини, танцовите вежби се сметаат за далеку позабавни. Држејќи ја концентрацијата врз постојаното движење и многуте различни потези, вниманието е насочено токму онаму каде што треба да биде. Времето навидум лета, и половина час поминува навистина брзо.

Диверзитетот при движењата, и ритамот се разбира, допринесуваат да почувствувате течение кое не е испрекинато од постојаните еднолични репетиции. Ова навистина помага кај оние кои само што почнуваат.

Покрај одличниот кардио тренинг, голем стрес ставате и врз долниот дел на телото. Нозете и долниот дел на абдоменот се постојано активни притоа тонирајќи низа мускулни групи. Но она што е исклучително важно е фактот дека овој тип на тренинг се смета за low-impact. Тренинг кој не наметнува голем стрес врз зглобовите и колената, па е затоа особено добредојден за почетници или пак луѓе со прекумерна тежина.

18.1.tancovi-rutini-3

Како да започнете?

Кај нас зумбата е веќе добро претставена. Многу фитнес центри ја вклучуваат во својата програма, а на лето може да најдете и големи групи на луѓе кои вежбаат во скопскиот Градски арк или пак на кејот на реката Вардар.

Исто така, можете да погледнете и низа видеа на YouTube, каде ќе научите десетина потези, и потоа да си изберете своја музика на која ќе танцувате. Во зависност од изборот на ритамот, може да се движите побавно на почетокот или пак далеку подинамично откако контролата врз вашето тело се зголеми.

Одличен старт е и програмот Cize, или пак додавање ритам на вашите веќе постоечки фитнес рутини. Набрзо танцовата рутина ќе ја зголеми вашата физичка спрема, особено кардиоваскуларната издржливост, па ќе може да почнете и со потешки тренинзи кои бараат повеќе дисциплина.

За крај, погледнете ги само танчерите и нивните фит тела- тие мора да знаат нешто што ние останатите очигледно не знаеме.

Автор: Славко Дешиќ

15 години Википедија – честито и да потрае

Со  приредување глобална забава со настани на шест континенти од денеска се слави 15-годишнината од работењето на Википедија, светската слободна енциклопедија што може секој да ја уредува.

Во Македонија, во организација на македонската вики заедница и Здружението за умножување на слободни содржини „Споделено знаење“ – македонскиот огранок на Википедија, денеска ќе има презентација и роденденска прослава со видеа и говори, панел дискусија, презентација на гостинска организација и презентација на Споделено знаење, проследени со забава, музика и пијалаци. В сабота, пак, ќе се презентира документарен филм за вовед во Википедија, обуки за уредништво и активизам, за слободни лиценци и авторски права и за Википедија како глобално движење.

Википедија беше пуштена на 15 јануари 2001 година. Оттогаш порасна на 35 статии на стотици јазици, со стотици милиони читатели ширум светот. Ја градат доброволци од целиот свет и секој месец има по 80.000 доброволни уредувачи. Википедија му служи на секому во севетот, на сите возраст и сите занимања и ја користат 28 отсто од сите жители на планетава.

Пирамидите во древниот град Мерое – осамена атракција на источниот брег на Нил

Иако пред пет години беше ставен на листата на УНЕСКО на светско културно наследство, древниот град Мерое, на источниот брег на реката Нил, денеска е празен, пред се, заради воената, но и економската криза во североисточен Судан.

14.1.piramidi-meroe1

Меѓутоа, крајниот исход од оваа авантура е повеќе од вреден за вложениот труд. Само најупорните авантуристи можат да доживеат и со очи да ја видат повеќе од 2.000 години старата историја и пирамидите што служеле како гробници на кралевите и кралиците од Мерое.

14.1.piramidi-meroe3

За разлика од оние во Гиза, овде тие се помали, но покрај нив се изградени и храмови. Иако голем број од градбите се оштетени во текот на големите грабежи што се случиле пред 200 години, многу пирамиди се зачувани во речиси совршена состојба.

14.1.piramidi-meroe

Пред тринаесет години во пустината во близина на Керма се пронајдени десетина расфрлани гранитни статуи на фараони. Повеќето беа однесени во музеи, додека помал број и натаму се наоѓаат во пустината, чекајќи ги туристите.

Од македонската поетска ризница: Ацо Шопов – „Ветрот носи убаво време“

Ветрот носи убаво време

Ветрот носи убаво време.
Вилнее, јачи во нас.
Ветрот носи убаво време.

Убавото е убаво и поминува.
Останува тагата.
Понекогаш она нè обзема полека,
легнува на нашите очи,
и густо напластена
погледот ни го смрачува.
Тогаш нешто страшно тегобно и болно,
нешто големо и наше, непојмливо за другите
нè измачува.

Но некогаш тагата нè докоснува како трепетлика,
како измаглина над жуберлива река
крај која стоиме загледани бесцелно и немо.
Тогаш сите предмети прилегаат на сказна
па велиме: невозможно, колку е сè убаво.

Ветрот вилнее и јачи.
Ветрот носи убаво време.

Поетска творба од истоимената збирка на Шопов, „Ветрот носи убаво време“ (1957), првпат објавена во Современост, VII, 8, 1957.

Аудио записот е од емисијата „Играј со мене“, 28.4.2012, Македонско радио, Радио Скопје. Чита: Софија Гогова Врчаковска

Ледените исландски пештери – природен феномен кој се менува од ден во ден

Ледените пештери на Исланд се неверојатен природен феномен што никогаш не изгледа исто два дена по ред.

5.1.ice-caves1

Научникот Хелен Бјорнсдотир, која го истражува овој феномен, го одредува сигурносното ниво на овие променливи пештери пред туристите да влезат во нив.

5.1.ice-caves2

„Она што најмногу ме привлекува кон овие пештери е тоа што се уникатни. Секое влегување во овој глечерски мраз е незаборавно искуство“, вели Бјорнсдотир за metro.co.uk.

5.1.ice-caves3

Бјорнсдотир, како што вели, секогаш го пронаоѓа необичниот факт дека пештерата каква ја видела еден ден никогаш веќе нема да биде иста. Сепак, таа нагласува дека овие пештери се многу опасни.

5.1.ice-caves4

„Често мораме да отстраниме бројни мразулци кои се создаваат на врвот пред туристите да влезат. Исто така, моравме да отстраниме оделни делови од глечерот од влезот за тој да не се урне. Во тој случај туристите ќе беа заробени внатре. Мразот внатре во пештерата се топи многу брзо и сигурносната ситуација брзо се менува“, објасни Бјорнсдотир.

5.1.ice-caves5

И покрај бројните опасности, сепак, не е можно да им се одолее на овие преубави пештери.

Ice Cave Group Photo