Home Blog Page 4349

Travelbox за зависници од патувања: Цел мебел и велосипед во една кутија

 Сега на патување можете да го понесете својот кревет, заедно со столицата и масата, просторот за личните работи и местото за велосипедот и сето тоа убаво спакувано во орман, кој може да биде пренесен во вашето возило.

16.2.Travelbox2

Travelbox е креација на австриската дизајнерска фирма „Јuust“ и е спакуван мебел во алуминиумска кутија креирана за патувања.

16.2.Travelbox6

Кутијата е долга два метра, 1,20 метри широка, длабока 40 сантиметри и тешка 60 килограми. Travelbox е наменета за човек кој често патува и не поседува ништо освен основните и најпотребните работи, кои лесно може да бидат транспортирани од едно до друго.

16.2.Travelbox3

Во кутијата има минималистичка маса во дански стил, платформа за кревет, двојна јога, перници, постелнина, столица и велосипед. Самиот Travelbox се подигнува и служи како собна преграда со вградена шипка и полици.

16.2.Travelbox4

16.2.Travelbox5

Луксузна јахта со „вертикални крилја“ – за фантастично пловечко уживање

Во Франција моментално во тек е производството на специфична јахта која, како што наведуваат дизајнерите ќе „има вертикални крилја“.

15.2.jahta2

Станува збор за луксузна јахта, која делумно ќе се движи со мотор, а делумно со силата на ветерот.

15.2.jahta3

Јахтата која е наречена Комореби ќе има две големи едра, со кои ќе може да се движи со брзина и до 27 километри на час.

15.2.jahta4

15.2.jahta5

Тоа ќе биде луксузен брод со голем салон, помала градина на површината, базен, сауна и простор за слетување на хеликоптер.

15.2.jahta6

– И покрај должината на јахтата не сакаме Комореби да изгледа предоминантно. Она што сакаме да го направиме е прекрасен џин, изјави Марк Ван Петеген, дизајнер во компанијата ВПЛП, која ги произведува овие јахти.

15.2.jahta7

Комореби ќе има и соларни панели благодарение на кои ќе заштедува 30 отсто од горивото.

15.2.jahta8

Призматичниот извор во Јелоустоун – фантазмагорично чудо на природата

Станува збор за третиот најголем гејзер на светот, а неговите фасцинантни бои се последица на присуството на бактерии и алги.

10.2.prismatic-spring1

Сместен во националниот парк Јелоустоун во американската сојузна држава Вајоминг, големиот призматичен извор во светот е најпознат по исклучително топлата вода и неверојатната палета на бои.

10.2.prismatic-spring2

Откриен од група геолози во 1871 година, тој има дијаметар од 90 и длабочина од 50 метри и претставува најголем гејзер во САД.

Шарениот спектар бои, кој привлекува голем број туристи од целиот свет е последица на активностите на пигментираните термофилни бактерии, кои живеат во водата околу рабовите на изворот.

10.2.prismatic-spring3

10.2.prismatic-spring4

Боите кои ги создаваат бактериите ја одредуваат висината на температурта, а тие зависат од односот на хлорофил и каротеноид присутни во водата.

10.2.prismatic-spring5

10.2.prismatic-spring6

Во средината на гејзерот вода е толку многу топла, што дури ниту бактериите не можат да преживеат, а температурата постепено се намалува кон рабовите. Тоа воедно објаснува зошто многу жолтата, портокаловата и темно црвената боја се наоѓаат на рабовите, додека средината е во сина боја.

Јубилејни 150 години од издавањето на „Злосторство и казна“ на Достоевски

Фотографии од Санкт Пeтербург од XIX век, предмети поврзан со заплетот на романот, целиот текст проектиран на ѕидови, се дел од изложбата под наслов „Злосторство и казна“, отворена по повод 150-годишнината од појавувањето на ова книжевно ремек дело, која ги води посетителите длабоко во светот на Фјород Михајлович Достоевски.

Музејскиот простор инаку е сместен во куќа во центарот на поранешната престолнина на царска Русија, во којашто самиот Достоевски некогаш живеел и творел.

Романот „Злосторство и казна“ излегувал во текот на 1866 година во месечни продолженија во локално списание. Зборува за Родион Расколников, млад осаменик кој ги отфрла колективните морални начела и е подготвен со убиството на омразената лихварка да ги испита лимитите на својата слобода и моралниот поредок.

Романот уште на почетокот доживеал успех. Многу брзо е преведен на неколку јазици, на француски, англиски и на германски. „Злосторство и казна“, заедно со „Браќа Карамазови“ и „Идиот“, е најуспешното дело на Достоевски и класик на руската и светската книжевност.

На изложбата целиот текст е проектиран на ѕидовите, а некои исечоци се истакнати заедно со фотографии од тој период, како и со предмети за коишто говорат. Веродостојно е доловена мирната и истовремено сива и мрачна атмосфера на тогашен Санкт Петербург.

Организаторите велат дека изложбата ги одразува трите слоја, или димензии, на ова комплексно дело. Притоа, првата го претставува Санкт Петербург, куќите, дворовите, каналите и таверните.

Втората го оцртува времето во кое се одвива дејствието на романот, преку презентација на оригиналните предмети, како што се на пример „жолтите легитимации“, картичките кои полицијата им ги издавала на проститутките по извршениот лекарски преглед, каква што имала една од хероините во романот. Детално е реконструирана у собата во којашто е извршено убиството со сите предмети коишто, според авторот, се наоѓале во неа.

Во ова комплексно дело, Достоевски испреплетува низа филозофски и религиски ставови, како што се прашањата за границите на слободата, легитимитетот на насилството, цената на човековиот живот…., што ја претставува третата димензија, односно слој на делото.

„Со оваа изложба сакавме да одговориме на сите прашања од романот и да ги покажеме сите аспекти за коишто зборува. Злосторство и казна е важен извор на знаења и неисцрпни идеи“, вели Наталија Ахимбаева, директорка на Музејот Достоевски во Санкт Петербург во кој е поставена изложбата којашто ќе биде отворена до март годинава.

Кармина Бурана по повод денот на виното и вљубените

По повод денот на виното и вљубените, во сабота, 13 февруари, 2016 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена популарната кантата „Кармина Бурана”, од германскиот композитор Карл Орф. „Кармина Бурана” со пораката: „СРЕЌАТА ДА БИДЕ ВЛАДЕТЕЛКА СО СВЕТОТ”, со право ја нарекуваат кантата на XX век.

Овој пат „Кармина Бурана” ќе има специјално режирана концертна изведба.
Солисти се: Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон).

Настапуваат, хорот и оркестарот на МОБ

Режисер: Дејан Прошев

Диригент: Иван Еминовиќ

Билетите по цена од 300, 400 и 500 денари можете да ги купите на билетарницата на МОБ, тел.
02/ 3 118 451, online на www.mob.com.mk и низ продажната мрежа на www.mktickets.mk

Спој на традиција и модерен ентериер: Планинска вила за уживање во Алпите

Во францускиот скијачки центар Куршевил е изградена дрвена планинска вила, која ги содржи сите архитектонски вредности на националната традиција и култура и е одлично вклопена во природното опкружување на Алпите.

8.2.Chalet Kibo2

Современата вила „Шалет Кибо“, која е дело на младата архитектка Анжелик Бисјон, има капацитет за сместување на 11 лица во пет спални соби.

8.2.Chalet Kibo1

Вилата се наоѓа на околу 250 метри од жичарниците на популарните скијачки патеки и на иста оддалеченост од центарот на Куршевил. Таа е изградена од дрво и бетон и изгледа убаво и романтично.

8.2.Chalet Kibo3

„Шалет Кибо“ е уредена во модерен стил со современи, светли и функционални елементи и е исполената со голем број детали во разни бои.

8.2.Chalet Kibo4

Таа претставува одличен пример за хармонија меѓу едноставноста, луксузот и удобноста на животниот простор во една планинска куќа.

Репертоар на кино „Милениум“ – еве што ќе се гледа од 4 до 10 февруари

Тековен репертоар на киното „Милениум“ од 4-ти до 10-ти февруари.

На репертоарот на кино „Милениум“, од 4 до 10 февруари, тековно можете ги гледате следниве филмови:

ЧЕТВРТОК-ПЕТОК (04.02. – 05.02.):

13:00 часот – СНЕЖНО ВРЕМЕ (SNOWTIME!) – премиера

15:00 часот – РАЗУЗДАНИОТ ДЕДО (DIRTY GRANDPA)

17:00 часот – ПОВРАТНИК (THE REVENANT)

20:00 часот – КРИД (CREED) – премиера

22:30 часот – ОБЛОЖУВАЊЕ НА СТОЛЕТИЕТО (THE BIG SHORT)

САБОТА – НЕДЕЛА (06.02. – 07.02.):

11:00 часот – МЕЧОКОТ ОД СЕВЕР (NORM OF THE NORTH)

13:00 часот – СНЕЖНО ВРЕМЕ (SNOWTIME!)

15:00 часот – РАЗУЗДАНИОТ ДЕДО (DIRTY GRANDPA)

17:00 часот – ПОВРАТНИК (THE REVENANT)

20:00 часот – КРИД (CREED)

22:30 часот – ОБЛОЖУВАЊЕ НА СТОЛЕТИЕТО (THE BIG SHORT)

ПОНЕДЕЛНИК – СРЕДА (08.02. – 10.02.):

13:00 часот – СНЕЖНО ВРЕМЕ (SNOWTIME!)

15:00 часот – РАЗУЗДАНИОТ ДЕДО (DIRTY GRANDPA)

17:00 часот – ПОВРАТНИК (THE REVENANT)

20:00 часот – КРИД (CREED)

22:30 часот – ОБЛОЖУВАЊЕ НА СТОЛЕТИЕТО (THE BIG SHORT)

Со поглед на швајцарското езеро Маџиоре: Од бетонски бункер, до модерен дом

Крај патот над езерото Маџоре во близина на местото Кавијано во Швајцарија се наоѓа мал бетонски бункер, кој наликува на запустен хангар или некогашна скривница.

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen10

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen9

Но, зад кородираната врата и седум метри долгата бетонска фасада, всушност се крие шармантен модерен дом со минималистчки дизјан, брилијантно прилагодено осветлување и централен атриум во антички римски стил.

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen2

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen3

Овој модерен дом е дело на архитектонското студио „Веспи де Меурон Ромео“, кое некогашната напуштена бетонска коцка ја трансформираше во живеалиште со модерен ентериер кој плени со својата грациозна љубезност.

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen4

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen5

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen6

Бетонската основа на куќата е надополнета со стакло, дрво, метал и делкан камен, кои и даваат сосема нов лик на оваа груба градба.

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen7

Со поставувањето на прозорци и стакларник овозможено е влез на големо количество светлина во оваа оригинално мрачна градба, а градинарскиот атриум дополнително придонесува за ослободување од чувството на клаустрофобија.

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen11

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen12

Casa-Dem_Wespi-de-Meuron-Romeo-Architetti_dezeen13

Откриена нова слика на фламанскиот мајстор Хиерониумс Бош

Најголемата досега организирана изложба на дела од ранофламанскиот ликовен мајстор Хиеронимус Бош, која за две недели ќе биде отворена во родниот град на Бош во Холандија, сега ќе биде уште позбогатена.

Имено, истражувачите од Bosch Research and Conservation Project (BRCP) на вештите раце од фламанскиот мајстор им припиша уште една уметничка слика, која претходно беше класифицирана како дело на негов ученик или следбеник.

3.2.bosch

Станува збор за сликата „Искушението на Свети Антониј“ (цирка 1500-1510 година), која беше „откриена“ во Канзас, како сопственост на  Nelson-Atkins Museum of Art.

„Искушението на Свети Антониј“ е 15 инчи висока и 10 инчи широка ликовна творба, која всушност претставува само фрагмент од нешто кое било централен панел од триптих кој подоцна бил раздвоен.

Од македонската поетска ризница: Ацо Шопов – „Бела тага на изворот“

Стихови од најчистиот поетски дух кои допираат до најчистото, до најсредето од секој човечки дух. Чита Софија Гогова Врчаковска.